Бајкери со тетоважи, чиј изглед, дури и од далеку, предизвикува страв, спасуваат многу животни во Америка. Тие ги испитуваат случаите на злоупотреба, ги посетуваат сопствениците и ги убедуваат да се откажат од своите кучиња.

Мажите преговараат со засолништа, помогнале во рехабилитацијата и пронашле нови семејства за мачки, кучиња и коњи.

Rescue Ink е непрофитна организација за благосостојба на животните која започнала со група доброволци во Њујорк. Тимот вклучува велосипедисти, поранешни шампиони во бодибилдинг и борачи, поранешни војници, полициски детективи и адвокати. Најактивниот тим работел во периодот од 2008 до 2014 година.

„Некои луѓе сметаат дека сме суперхерои. Вистината е дека ние сме суперљубители и суперзаштитници на животните.“, велат од Rescue Ink“

Rescue Ink соработувале со полицијата и организациите во заедницата, правејќи сѐ што е можно во рамките на законот за да ги заштити животните од суров и непристоен третман. Нивната работа била целосно зависна од донации.

Само по е-пошта, тимот добивал околу 1-3 илјади повици дневно од луѓето ширум светот, а нивните телефони секој ден добивале околу 250 повици.

Со текот на годините, моторџиите спасиле многу кучиња, мачки, коњи, кокошки, свињи и риби. И еднаш дури и 1,5 метри змија, боа.

Бајкерите откриле дека имале различни случаи: се справувале со ланец на борба со кучиња, препродавање на кучиња со педигре во замена за дрога, па и со сериски убиец на мачки.

Но велат дека тие само ги испитувале случаите, а кога ќе имале конкретни докази случајот го препуштале на полицијата, а тие ги згрижувале животните.

Составот на тимот се променил неколку пати: некој заминал, некој дошол. Еве неколку учесници:

1. Николас “Батзу” Макароли е рекордер во кревање тегови во државата Конектикат, САД. Еден од најпрепознатливите членови на тимот. На оваа фотографија од 2009 година има 76 години. Сега е 2019 година и тој сè уште води активен животен стил.

2. Мајк “Мастило” (вистинско име Мајк Остроски) – бодибилдинг шампион и вегетаријанец.

3. Антониј “Големата мравка” Росано – човек со висина од 188 см и тежина од 147 кг.

4. Џо Панц (Џозеф Панзарела) – еден од основачите и лидер на групата.

Сподели на Facebook
пати видено