Даглас Мортон од Англија патувал илјадници километри за Светското првенство во Русија, за да присуствува на натпреварот на Англија против Панама, но си ја заборавил картата дома.
Тој останал во Нижни Новгород надевајќи се дека ќе успее некако да најде карта, откако неговата останала во фиоката.
Даглас случајно го сретнал уредникот на ITV News Ден Ховелс, со кој престојувал во ист хотел и му ја раскажал приказната. Ден се сожалил и објавил на Твитер јавно барање, дали некој ќе може да му подари билет на несреќниот човек. Ден напишал: „Ова е Даглас. Тој беше во нашиот хотел во Волгоград. Само што налетав на него во Нижни Новгород и тој сфатил дека ја оставил картата за натпреварот дома во фиоката, дома во Бристол. Ако некј има вишок карта нека ме извести.“
За среќа уредникот успеал да најде карта за страстниот навивач, но Даглас бил поголем баксуз отколку што се очекувало. Даглас не бил во хотелот и никој не можел да го пронајде. Ден повторно се обратил на Твитер, но потрагата била залудна.
Даглас се вратил во хотелот 40 минути пред да почне натпреварот и немал доволно време за да дојде до стадионот во Нижни Новгород за да си ја земе картата. Англија сепак имала многу посреќен ден од Даглас и натпреварот завшрил 6:1, за Англија.



