Бабите во домот за стари лица во Колчестер, Есекс, Англија, се прилично креативни и сакаат „младо месо за ручек“. Не се сомневаме дека на голем број од нив притисокот им се качил од оваа 18+ забава, која била идеја на 89-годишната Џоан Корпс, а потоа и останатите „девојки“ ѝ се придружиле.

Џоан секогаш кога некој ќе ја прашал што сака во животот одговарала со: „Маж!“. Затоа никој не се изненадил кога ја предложила идејата да донесат стриптизери во домот. Вработените и останатите станарки се согласиле и ангажирале двајца стриптизер, кои имале за задача да им послужат вечера од три оброка на дамите, да ги измасираат и да флертуваат со нив.

Станарките во домот за стари лица сакале да ја споделат својата среќа па затоа на забавата ги поканиле и нивните ќерки и внуки. Дол Џенкинс, најстарата станарка, која има 99 години изјавила дека сака момците повторно да дојдат за нејзиниот 100-ти роденден.

Сите баби изјавиле дека си поминале неверојатно и дека целата вечер им поминала во смеа. Овој дом за стари лица има своја политика во која на секој станар во домот му исполнува по една желба. Ова била желбата на Џоан, а од домот сметаат дека и останатите баби ќе почнат да бараат слични желби, бидејќи им се допаднала „дружбата“.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено