Френк Хил, од Арканзас, САД бил 65-годишен пензионер кој сакал да купува пакети порнографски содржини преку кабелскиот оператор.

Кога дознала неговата сопруга, 69-годишната Патриша Хил, го замолила да го откаже пакетот и тој ѝ рекол дека ќе го стори тоа. Неколку дена подоцна Патриша се јавила во полиција за да пријави дека си го убила сопругот.

Френк работел во шупата до нивната куќа кога Патриша влегла и го прашала зошто не го откажал пакетот со филмови за возрасни и барала од него да си замине од домот. Нејзиниот сопруг одговорил дека не сака да го направи тоа, а Патриша се вратила во куќата. Таа тогаш земала 22-калибарски пиштол, се вратила во шупата и пукала во нејзиниот сопруг два пати. Првиот пат во ногата, а вториот пат во главата.

Веднаш откако пукала се вратила дома и се јавила во полиција, објаснувајќи им дека го убила сопругот. Лекарите пристигнале и ја утврдиле смррта, а Патриша ја почекала полицијата и доброволно им објаснила како и зошто го убила сопругот притоа одрекувајќи се од нејзините права.

Таа исто така изјавила дека никогаш немала други физички пресметки со нејзиниот сопруг. Во моментот Патриша е во притвор без можност за кауција.

Сподели на Facebook
пати видено