Некои од нашите омилени книги беа претворени во одлични филмови. Или барем така ние мислиме, бидејќи некои автори не би се согласиле со тоа и ги мразат филмовите базирани на нивни дела.

1. Стивен Кинг – „Сјаење“ (1980)

 

„Многу ми се допадна работата на Стенли Кубрик и имав големи очекувања за проектот, но бев длабоко разочаран од крајниот резултат … Кјубрик не го знаеше вистинското нечовечко зло на хотелот. Наместо тоа, тој го бара злото во ликовите и го претвора филмот во семејна трагедија со нејасни натприродни нијанси“, вели Кинг. Тој, исто така, изјавил дека не е задоволен од изведбата на Џек Николсон.

2. Ана Рајс – „Интервју со вампирот“ (1994 година)

Ана Рајс не била задоволна од изборот на актерите за „Интервју со вампирот“, а пред сè од Том Круз. „Речиси е невозможно да се замисли како може да се направи добар филм со овие актери“, вели таа. Подоцна, сепак, Рајс му кажала на Круз дека е задоволна со неговата работа и дека се восхитува на неговата трансформација.

3. Винстон Грум – „Форест Гамп“ (1994)

„Никогаш не дозволувајте некој да направи филм од вашата приказна“, изјавил Грум по објавувањето на филмот. Подоцна авторот изјавил дека требал да добие 3% од нето добивката, според договорот со продуцентите, но не добил пари под изговор дека во периодот кога имало трошоци за производтсво и рекламирање не бил остварен профит. И друго нешто што го навредило авторот било тоа што никој од актерите и тимот не му се заблагодарил во нивните говори.

4. Ентони Берџес- „Пеколен портокал“ (1971)

Не само што не му се допаднал филмот според негвиот роман, туку подоцна Ентони жалел и што воопшто го напишал. „Книгата според која станав најпознат или познат е роман кој сум подготвен да го отфрлам. Филмот ја претвори во суровина што изгледа како славење на сексот и насилството. Филмот им олеснува на читателите на книгата погрешно да го разберат значењето на романот. Тоа недоразбирање ќе ме следи додека сум жив. Не требаше да ја напишам книгата само поради опасноста од погрешно толкување.“

5. Брет Истон Елис- „Американски Психо“ (2000) и „Информатори“ (2008)

Брет Истон Елис смета дека ниту еден филм според неговите книги не е добар. Но најмногу од се ги мрази адаптациите на „Американски Психо“ и „Информатори“. За „Информатори“ Елис вели: „Филмот не е добар поради неколку причини но јас не мислам дека овие причини се мои грешки“, а додека пак за „Американски Психо“ изјавил дека воопшто не требало да биде филм и дека намената е приказнатга да биде склопена во книга.

6. Роалд Дал – „Вили Вонка и фабриката за чоколада“ (1971)

Дали сте се запрашале зошто „Чарли и големиот стаклен лифт“ нема филмска адаптација? Ова е затоа што Роалд Дал верува дека филмот според неговата книга „Вили Вонка и фабриката за чоколада“ е „сиромашен“. Тој смета и дека Џин Вајлдер бил премногу претенциозен, а за режисерот на филмот смета дека нема талент. Дал дури ветил дека филмските продуценти никогаш повеќе нема да стигнат до некое од неговите дела додека тој е жив.

Сподели на Facebook
пати видено