Многу силна социјална реклама. Погледнете!

Кампањата е за подигање на свеста кај луѓето за начинот на кој големите брендови ја произведуваат ефтината облека. За маицата да чини 2 евра, некои многу сиромашни луѓе, често и деца, работат по 18 часа дневно за плата која е многу бедна дури и за наш стандард. И кај нас има текстилни фабрики во источна Македонија кои на работниците им плаќаат плати по 4-5.000 денари. Време е ова да престане! Штом може минималната вредност на трудот во западна Европа да биде 1000 евра, теоретски може и кај нас. Само треба револуцијата да започне.

Сподели на Facebook
пати видено