Кога тргнуваат на пат искустните туристи ги дознаваат правилата на бонтон и законите кои се практикуваат во земјата што ја посетуваат. Затоа што ако не ги знаете суптилностите на правилата што ги имаат мештаните, може да се најдете во непријатна ситуација.

Како на пример доколку некој ве нарече „гуска“ да почнете непотребна расправија или пак да подарите цвеќе, а личноста да биде навредена.

1. Во Кореја, најстариот човек јаде прв

Во Кореја, без разлика колку сте гладни, не можете да почнете да јадете пред најстарата личност на масата. Ако го прекршите ова правило, можеби нема да бидете поканети да јадете повторно во нечиј дом. И уште една работа: ако сакате да се напиете нешто, ќе треба да ја прашате личност што седи веднаш до вас. Корејците си ги дополнуваат чашите едни на други.

2. Не можете да ги допирате главите на другите луѓе во Тајланд

Луѓето во Тајланд се речиси секогаш добро расположени, но можете многу да увредите некоја личност доколку ја допрете за главата. И ова не е поради косата, туку луѓето во Тајланд веруваат дека душата на човекот е во главата и не треба да ја допираат непознати.

3. Во Тибет, во ред е да го покажете вашиот јазик

Во повеќето земји, ако му покажете на некој својот јазик, луѓето ќе мислат дека нешто не е во ред со вас. И во Индија, овој гест покажува лутина. Во Тибет овој гест се користи за да се покаже почит и исто така се користи како „здраво“. Постои мислење дека потеклото на оваа традиција е верувањето дека ѓаволот има црн јазик. Значи, луѓето во Тибет покажуваат дека „не се ѓаволи“.

4. Можете да подарите лилјани во Италија, но не и во Франција

Подарувањето на цвеќе е добра работа во скоро сите земји. Но, постојат детали што треба да ги знаете. На пример, во Франција луѓето мислат дека лилјаните и хризантеми се за погреби. Истото важи за хризантеми и во Италија: овие цвеќиња се користат само на тажни денови. А лилјаните во Италија се омилени, бидејќи тие се национален цвет.

5. Во Австрија, можете да го напуштите ресторанот без да платите

Во многу земји низ светот, бакшишите се вклучени во сметката. Ова важи и за Чешка, Франција, Унгарија и Шпанија. Во просек, околу 10-15% од сметката. Сепак оваа правило не важи кај сите европски земји. Во Австрија бакшишите се даваат само на келнери кои добро ја извршуваат својата работа. И во Австрија има непишано правило: ако гостинот си ја побарал своја сметка 3 пати и не ја добил, може да го напушти ресторанот без да плати.

6. Во Унгарија, „зелка“ е комплимент, а во Кина „гуска“ е знак на восхит

Една од најубавите работи во многу земји е како луѓето се обраќаат едни на други. Ако одите во Унгарија, немојте да се лутите ако некој ви се обраќа со „зелка“ или „мал инсект“. Тие не се обидуваат да ви се потсмеваат, овие зборови всушност се комплимент таму. На пример, во Кина, „гуска“ се користи кога сакаат да кажат дека некој е убав. Луѓето во Полска го користат зборот „трошки“, а во Јапонија, „јајце со очи“ е исто така термин за атрактивна личност, упатувајќи на нивната овална форма на лицето.

7. Кинезите ќе одбијат да земат подарок 3 пати пред да го прифатат.

И тоа не е затоа што не сакаат да го прифатат подарокот, туку само нивниот начин на изразување на скромност и добри манири. Патем, во Кина, можете да им подарувате на луѓето било што, освен остри предмети, како ножеви (тие се знаци на крајот на врската), часовници (се верува дека часовниците означуваат крај на животот) и марамчиња (кои се суеверие поврзано со плачење на погреби).

Сподели на Facebook
пати видено