До каде треба да се повлече границата за да се фатат сексуалните злоупотребувачи на деца? Специјалната единица Аргос успеала да управува со најпозната страна за злоупотребувачи на деца „Детската игра“ една година, претставувајќи се како нејзин основач и објавувајќи фотографии од насилство.

Кога норвешкиот весник VG го истражувал еден од најголемите веб-сајтови за експлоатација на деца на „дарк веб“, наречен „Детската игра“ откриле дека бил управуван од австралиската полиција три месеци. Специјалната единица од Бризбејн, наречена Аргос, поставила детективи на тајна задача кои објавувале и споделувале материјал ја оваа страна со цел да ги разоткријат злоупотребувачите. Весникот не ја објавил приказната веднаш, туку почекале една година додека истрагата да биде целосно завршена.

Според извештајот во „Гардијан“, веб-страницата за злоупотреба е создадена во април 2016 година и има повеќе од 1 милион регистрирања на корисници кога полицијата конечно го срушила минатиот месец; повеќе од 3.000 од овие корисници биле активни. Гардијан објави дека истрагата на Аргос доведе до спас на деца од целиот свет и апсење на криминални сексуални престапници. Веб-страницата ја основале Американец и Канаѓанец, од кои Американецот, Бенџамин издржува доживотна затворска казна за напад на четиригодишник во Вирџинија минатата година. Полицијата го преземала неговиот идентитет за да го одржи сајтот. Членовите на сајтот очекувале месечен пост од својот основач, кој морал да ги вклучи и сликите за експлоатација на деца. Во Австралија нема закони, велат Гардијан, за да се спречи ова.

Иако дозволувањето на таков сајт да продолжи да функционира може да изгледа скандалозно, властите и нивните поддржувачи се чувствуваат како да е „потребно зло“. „Мислам дека тоа е тешко прашање за сите што се вклучени и знам дека тоа е тешко прашање за полицијата“, изјави Хети Џонстон, основач на австралиската застапничка група Bravehearts, за „Гардијан“. „Но, јас ги поддржувам 100%, бидејќи сликите што полицијата ги користеше не се слики што ги креираат,тоа се постоечки слики, а идејата е да се дојде до луѓето кои во моментов сексуално злоупотребуваат деца. Ние треба да се вклучиме во војната. Мораме да се вклучиме.“

Сподели на Facebook
пати видено