Австралијанецот Бен Мекмехон се разбудил од кома по сообраќајната несреќа и на големо изненадување на сите почнал течно да зборува Мандарински (северно-кинески дијалект), но сосема заборавил англиски. Бен МекМахон бил патник во автомобил кој бил вмешан во сообраќајна несреќа. Бен бил во кома повеќе од една недела пред да се разбуди. Тој никогаш во животот не зборувал кинески. Учел малку во средно, а пред несреќата неколку месеци престојувал во Пекинг, но не зборувал.

Откако се разбудил од кома, видел една медицинска сестра, азијка, и и рекол на кинески: „Извинете сестро, чувствувам многу болка тука“. Тогаш тој побарал од сестрата парче хартија и пенкало и напишал на кинекси: „Ги сакам мајка ми и татко ми, јас ќе се опоравам.“

Сега Бен има 22 години, студира трговија на универзитетот во Шангај, па дури е и водител на една ТВ емисија на кинески.

Во историјата се познати уште неколку вакви феномени:
Во 2010 година, 13-годишна хрватска девојка се разбудила од кома и наместо хрватски, течно зборувала германски.
Во јули 2013 година, ветеран на американската морнарица бил пронајден во несвест во мотелска соба, не се сеќавал кој е тој, но зборувал течно шведски.

Човечкиот мозок е вистинска неистражена мистерија, а постојат теотии дека ние искористуваме само неколку % од капацитетот на нашиот мозок.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено