Шансите на една личност за освојување на главната лотарија се еден во 14 милиони. Но, математичарот Стефан Мандел им се спротивстави на шансите и успеа да го добие џекпотот 14 пати за време на неговите „најдобри денови“, и тој го сторил тоа без да прекрши ниту еден закон.

Австралискиот државјанин, роден во Романија, ја користел својата интелигенција и афинитет за броеви за да создаде речиси совршена формула за да го сруши системот. Додека работел како економист во Романија, Г-дин Мандел го тестирал своето откритие, надевајќи се на втората награда, обезбедувајќи пет броеви што ги понудила неговата формула и дополнителна претпоставка која го сочинува шестиот број.

Тој ја освоил главната награда и успеал да ја напушти Романија со своето семејство, упатувајќи се кон Австралија. Набргу по пристигнувањето во Австралија Г-дин Мандел почнал да работи на прилагодување на неговата формула на австралиската клима.

Поради огромното мнозинство на можни комбинации во австралиската лотарија, Г-дин Мандел почнал да бара инвеститори, со намера да извлече колку што е можно повеќе билети за секоја поголема добивка. Со пет од шест броја пресметани преку неговиот систем, износот на комбинации станал конечен, и г-дин Мандел почнал да се фокусира на големите награди кои нуделе повеќе пари отколку можни комбинации. Со ова, тој се надевал дека ќе ја купи секоја опција за билети, што му дава сигурен начин за освојување на џекпот.

По 12 победи, австралиските власти почнале да ја „блокираат“ неговата шема. И покрај законитоста на неговите активности, не се сметало дека е во духот на играта и биле воведени серија закони за да го блокираат. Станало забрането еден човек да го купи секој билет на лотарија. Како одговор, г-дин Мандел пронашол пет деловни партнери.

Уште еден закон бил донесен, со кој било забрането за групи поединци да ги купат сите билети во лотарија, но повторно, г-дин Мандел нашол заобиколен пат, овој пат со создавање на фирма за лотарија. Сепак властите успеале и тука да му стават пречка. Затоа тој решил да се префрли на поголем пазар во Америка, поточно лотаријата на Вирџинија.

Во тоа време имало 7,1 милиони можни комбинации со броеви, а едно лото ливче чинело 1 долар. Г-дин Мендел убедил 2.500 австралиски инвеститори да споделат 2.500 $ секој. Две години подоцна, во 1992 година, џекпотот достигнал 27 милиони долари, а г-дин Мандел и неговиот тим ги купиле сите билети.

„Знаев дека ќе освојам една прва награда, шест втори награди, 132 трети награди и илјадници мали награди“, изјавил тој.

Неговиот вкупен профит бил над 30 милиони долари. Тоа резултираше со четиригодишна правна битка, во која синдикатот бил испитуван од страна на ЦИА и ФБИ, но сомневањата биле неосновани. И покрај ова, законите сепак биле изменети за да ја забранат техниката на г-дин Мандел.

До 1995 година, г-дин Мандел поднел барање за банкрот. Кога се обидел да оствари уште една победа во Израел го упасиле за измама и поминал 20 месеци во затвор. По ослободувањето, тој се упатил кон Вануату, тивко островче на австралиското крајбрежје, каде што живее до ден денес.

Сподели на Facebook
пати видено