Клеј Луис од Австралија има 16 години и на 2-годишна возраст бил дијагностициран со аутизам. Тој сакал да почне да заработува пари но бил одбиен на десетици работни места со скратено работно време.

Затоа момчето одлучило да ги земе работите во свои раце и само да си започне свој „бизнис“. Клеј имал едноставна идеја, која досега му донела над 6.000 долари.

Тинејџерот одлучил да ги чисти кантите за отпадоци на луѓето. Тој го основал бизнисот Clay’s Bin Cleaning пред една година и има над 70 клиенти и сега морал да вработи уште 3-ца пријатели од училиште.

Кога го прашале кој е неговиот мотив за оваа работа, иновативниот тинејџер од југоисточниот дел на Бризбејн одговорил: „Јас едноставно сакам да добивам пари.“ Клеј им наплаќа на луѓето по 10 долари од канта и по 5 долари за секоја дополнителна канта.

Тој го започнал својот бизнис со помош на неговата мајка Лаура Луис, откако неколку работодавци го одбиле за летна работа. Неговата мајка се надева дека на овој начин Клеј ќе стане независен член во заедницата и нема да живее само од социјалната помош.

Бидејќи има многу клиенти мајката на Клеј преку апликација ја организира работата. Момчето вели дека откако ќе заврши со средното училиште планира да го прошири својот бизнис, така што ќе почне да чисти и дворови. Тинејџерот сега штеди пари за да оди во Дубаи, за да го гледа првенството во Формула 1.

Сподели на Facebook
пати видено