Позлатено огнострелно оружје, бринети во бикини, сјајни автомобили, скапи часовници и егзотични ѕверови во улога на домашни миленичиња – така на Инстаграм изгледа животот на мексиканските мафијаши. Или во крајна мера, тие така би сакале да се прикажат еден на друг и на светот, употребувајќи ги хаштаговите #narcos и #narcostyle.