Откако станал самохран татко, тој научил како да ѝ прави фризура на својата ќерка и сега ги учи и другите татковци

Кога Филипе Моргесе станал самохран татко, тој знаел дека ќе мора да научи како да ја одржува косата на неговата едногодична ќерка Ема. Не само што научил повеќе разни фризури, но почнал да им држи татковци и на други татковци кои сакаат да се зближат со нивните ќерки така што ќе им прават фризури.

Смртоносниот зрак сепак постои! Ова оружје со помош на радио бранови може да руши дронови на оддалеченост од 1,5 км

Ова би можело да биде одговор на заканата од дронови – „смртоносен зрак“ кој со помош на радио бранови може да ги онеспособува од оддалеченост од 1,5 километри. Системот беше претставен во Лас Вегас како одговор на големата загриженост од беспилотните летала. Функционира така што со моќни радио бранови ја блокира нивната комуникација и ги исклучува среде воздух.

Никогаш не би погодиле што се крие во оваа џиновска скулптура во Фиренца, Италија

Овој епичен џин, половина човек, половина планина, бил подигнат во доцниот шеснаесетти век од познатиот скулптор Џамболоња, како симбол на вишните Апенински планини. Овој планински бог, наречен Апенино, се извишил 10 метри над земјата во Вила ди Пратолино во Тоскана.

Дали би сакале да каснете вкусна и зачинета зомби риба? Ова кинеско јадење оживува додека се готви и додека се јаде!

Дали би сакале да каснете вкусна и зачинета зомби риба? Ова кинеско јадење оживува додека се готви и додека се јаде!

Сервирана на чинија, овој специјалитет со риба, зачинет со најразновидни зачини, има едно специјално изненадување. Оживува додека гладниот муштерија ја јаде!

Прекрасни аквариуми: Победниците на меѓународниот натпревар во декорација на аквариуми

Иако повеќето луѓе би се задоволиле со тоа што на нивната златна рипка би ѝ ставиле малку разнобоен чакал, пластично растение и можеби некој друг украс, учесниците на меѓународниот натпревар за распоред на водни растенија го претвориле дизајнот на аквариуми во уметност.

Џиновскиот астероид 86666 овој викенд се упатил кон Земјата… Но, не паничете, НАСА вели дека вселенската карпа широка 2,5 км „не претставува никаква опасност“

Денес се очекува крај Земјата да мине астериодот 86666 (2000 FL10), карпа од вселената широка 2.5 километри. Астероид со оваа големина има потенцијал да предизвика глобално разорување ако удри во Земјата, но од НАСА сепак велат дека тој не претставува никаква закана.

Слоновите исклучително ретко заболуваат од рак и можеби во нив се крие клучот за лекот за подмолната болест

Слоновите ретко заболуваат од рак, но досега научниците не успеале да откријат зошто. Во истражување кое би можело да помогне да се искорени оваа болест кај луѓето, истражувачите идентификувале механизам кој го уништува ракот, при кој централната улога ја игра ген во кој е енкодиран р53 – протеин кој го потиснува ракот.

Видовитиот мајчински инстинкт

Наречете го тоа мајчински инстинкт, вонсетилно восприемање или моќ на љубовта, но има повеќе случаи на вонредна мајчинска интуиција која се пренесува од колено до колено. Таа врска како да им пркоси на временските и просторните ограничувања, и иако можеби никогаш нема да се докаже по научен пат, тешко дека може да се одрече постоењето на истата.

Од Русија со љубов: Путин не му се плаши на никого и нареди руските воени бродови да ги сотрат од мавање ИСИС и тоа од 1500 км оддалеченост и преку две земји

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести Владимир Путин дека четири бродови, сместени во Каспиското Море, на 1500 километри оддалеченост, лансирале 26 проектили „Калибр“ – и тврди дека тие ќе погодат единаесет позиции на ИСИС.

Како реагираат бебињата во утробата на својата мајка кога ќе им пуштат музика? Неверојатно!

Како реагираат бебињата во утробата на својата мајка кога ќе им пуштат музика? Неверојатно!

Неродените бебиња почнуваат да слушаат на само 16 недели од зачнувањето, како што открива новото истражување. За првпат научници од институтот Маркес во Барселона покжале дека фетусот не само што препознава звуци, туку и одговара на нив со устата и јазикот. Општо прифатен факт е дека ушите на бебето целосно се развиваат во шеснаесеттата недела од бременоста. Но, досега се веруваше дека фетусот почнува да слуша најрано во осумнаесеттата недела, а највообичаено во дваесет и шестата недела.

Бизарно: Кога ќе умрете, вашата стара тетовирана кожа може да се исече и врами на ѕидот за вашите сакани

„Кога ја завршив тетоважата на мојот грб во која вложив педесет часови болка, почнав да размислувам за тоа како да се зачуваат тетоважите“, пишува Чарлс Хам, основачот и претседател на ова здружение. „Јас лично го формирав здружението сакајќи да ја зачувам својата тетоважа за моите сакани, бидејќи тетоважата најдобро го изразува тоа што сум јас.“

Нов тренд: пар тетоважи наместо венчални прстени

Венчалните прстени симболизираат посветеност, но овие млади брачни двојки решиле наместо прстени, да си разменат тетоважи. На крајот на краиштата, прстенот секогаш можете да го извадите, но тетоважата едноставно не можете!

Тинејџерка трансексуалка цели 3 години правела селфи секој ден за да ја покаже својата драматична преобразба во маж

Џејми Рејнз била родена како девојче, но таа никогаш не се чувствувала како што треба во сопствената кожа. Сега, после три години подложување на третман со хормонот тестостерон, Рејнз споделува видео со 1400 фотографии кои ја документираат драматичното преминување од женски во машки пол.

Девојкава поради реткото нарушување помни СЀ и може да ги изрецитира сите 7 книги „Хари Потер“ од збор до збор

Дваесет и петгодишната Ребека Шерок е една од само осумдесетте луѓе од целиот свет на кои им е дијагностицирано нарушувањето наречено „високо супериорна автобиографска меморија“, познато и како хипертимезија. Да се има ова нарушување значи да се помни секој мал и неважен детал како да се случил пред само неколку мигови.

Научете ги овие 14 умствени трикови кои и тоа како ќе ви се најдат во секојдневниот животот

Триковите и ситните детали полезни за секојдневниот живот се секогаш интересни, но кога станува збор за нешта кои се однесуваат на интелегенцијата и комуникацијата, тие се уште поинтересни, бидејќи можат да ви помогнат полесно да се снаоѓате во најразлични ситуации.

Погледнете што градат Кинезите со големина од 30 фудбалски игралишта! Опсерваторија или софистициран уред за шпионирање?

Нова видео снимка, снимена со дрон, е објавена од кинеската централна тв станица, покажувајќи го најновиот напредок на еден од најамбициозните проекти на земјата – радио телескоп соголемина на 30 фудбалски игралишта. 500-метарскиот отворен сферичен телескоп наречен FAST ќе биде најголемиот радио телескоп во светот и е сместен во највисоките планини во рурална југозападна Кина. Се планира огромната чинија да биде завршена во втората половина на 2016 година.

Гнездо на вода: еколошка куќа, која се напојува на сончева енергија, изградена речиси 100% од рециклирани материјали

Како да наречете куќичка која може да стои врз плитки или длабоки мирни води, еколошка, на сончева енергија и направена речиси 98 отсто од рециклирани материјали? Ние би ја нарекле вистинско вопшепство, но дизајнерската група Џанкарло Зема ја нарекла WaterNest 100.

Овој супердедо на своите внуци им изгради неверојатна куќичка на дрво од три ката, висока 13 метри

Џеј Хјуит е мајстор од Масачусетс кој дефинитивно ќе биде номиниран за дедо на годината. Искусниот градежник се нафатил да изгради епична куќичка на дрво на три ката, за во неа да можат да уживаат неговите внуци и целото семејство. Пред да се родат неговите внуци, Хјуит кажал дека сака да им изгради куќичка на дрво каква што никој не видел. Хјуит започнал со изградбата пред околу една година. Погледнете го ова! Ова не е куќичка за играње, туку цела куќа на дрво.

НАСА објави богатство од 8000 HD фотографии од Аполо мисиите на Месечината

За време на вселенската програма Аполо, астронаутите се соочиле со многу непознати опасности, изведувале научни експерименти, управувале со вселенско летало, чекореле по површината на месечината и виделе глетки, слушнале звуци и почувствувале дразби кои другите луѓе никогаш не ги почувствувале. Покрај сето тоа, тие биле замолени да направат неколку илјадни фотографии од практично секој миг за време на нивното патешествие, со помош на модифицирана Хаселблад камера.

Каде во нашиот сончев систем би можело да има вонземјански живот?

Можноста на Марс да тече сезонска вода веднаш ги заживеа дискусиите за тоа дали на планетата која најмногу наликува на Земјата во целиот наш сончев систем би можело и денес да има живот. Но, тоа не единственото место во нашиот сончев систем кон кое гледаат научниците.

Најретките кученца во светот кои вредат ПО 14.000 ЕВРА! Среќната сопственичка е првата Европејка која успешно одгледала Фуквок риџбек кученца

Сопственичка на кучиња стана првиот човек во Европа кој успеал да одгледа кученца од најреткиот вид кучења во светот, при што секое од нив чини по 14.000 евра.

Премногу сте богати за да се мачите да паркирате во рикверц?! Тогаш купете си ја оваа палата во Лондон!

За некои возачи помислата да мораат да паркираат наназад во тесен простор е мислата којашто најмногу ги исполнува со морници. Но, тоа најмалку им е грижа на сопствениците на оваа палата во вредност од 32 милиони фунти којашто штотуку се појави на пазарот. Толку е луксузна што доаѓа со подвижна плоча во гаражата, благодарение на која нејзините сопственици никогаш нема да мораат да се грижат да возат во рикверц.

Можете ли да забележите кој ја прави толку посебна оваа слика, од којашто сите МОРА да научиме нешто?

Има една личност во толпата на филмски обожаватели којашто е решена да го живее животот во самиот миг на живеење. Можете ли да ја препознаете?

„Домашното насилтво врз мажи не е за смеење“ – добитник на лотарија бара заштита за жртвите раскажувајќи за тоа како бил нападнат од неговата бивша девојка

Добитник на лотарија раскажува како бил жртва на домашно насилство откако по разгорувањето на неговата врска со бившата девојка откако освоил еден милион фунти.

Гледај кој зборува! Прекрасниот миг кога едногодишното момче родено со половина череп им рече „здраво“ на своите родители

Малото момченце со половина череп, за кое многумина велеа дека требало да биде абортирано, вели „здраво“! Џексон Бјул, кој беше наречен Џексон Силниот, му биле давани само неколку дена живот по раѓањето поради ретко нарушување на невралната туба.

Отпакување 20 производи нарачани преку Алиекспрес

Минав неколку вечери листајќи ги страниците на кинеските трговци, при што пред очите ми излегуваа најразлични интересни парчиња од коишто нарачував. Потоа на тоа заборавив и со сопругата отпатувавме на одмор, а во тоа време, се разбира, вредните Кинези сѐ запакувале и испратиле. Од времето на порачувањето помина повеќе од 1 месец, јас се вратив од одмор и ми се јавија од нашата пошта и ме повикаа во одделението за пратки.
И еве ги! Раката ми отрпна од потпишување.
Но, да почнеме со отпакувањето.

Како уметниците во 1889 година го замислувале животот во 2000 година

Во продолжение ќе видите дела од уметникот Жан Марк Коте, како и дела од други уметници создавани во 1988, 1900, 1901 и 1910 година. Овие илустрации се во форма на разгледници или картички кои се чувале во кутии за цигари. Илустрациите прикажуваат како уметниците замислувале дека ќе изгледа светот во 2000 година.

30 скапоцени животни лекции од 10 антички филозофи

Од етиката до среќата; од демократија до музика, уметност и филозофија; од логика до наука – древните филозофи, дискутирале и пишувале за многу проблеми и идеи кои се чинат важни дури и денес, по 2500 години!

Сираче ракун спасено од семејство со кучиња мисли дека и тоа исто така е куче

Минатата година Роси Кемп од Насау, Бахами, нашла младенче ракункое паднало од дрво. Неговата мајка ја немало никаде, па така Кемп и нејзината ќерка решиле да го посвојат ракунчето и го нарекле „Тиквичка“. На крајот Тиквичка закрепнала од повредите се вселила во домот на своите домаќини.

Мислите дека Фејсбук е нешто ново? Всушност, идејата е стара 400 години

Социјалните медиуми се благослов и клетва. Од една страна ни овозможуваа да се поврземе со блиските и со луѓе од целиот свет, а од друга страна може да се претвори во ужаснувачко мочуриште од срамни слики кои би можеле да излезат во јавнота. Но, има и уште нешто изненадувачко во врска со нив – а тоа е дека не се ништо ново.

+