Ирачка крвава свадба: Сакајќи да стрела во воздух, ја загуби контролата врз својот Калашников

Ирачка крвава свадба: Сакајќи да стрела во воздух, ја загуби контролата врз својот Калашников

Ова е ужасниот момент кога гостин на свадба бил застрелан од непосредна близина кога еден човек ја загубил контролата врз својот Калашников додека пукал во воздух за да прослави. Снимката е направена во Ирак, за време на една свадба и на неа се гледа како гостите ракоплескаат и бодрат за време на пукањето. Но само […]

На слепо седумгодишно девојче му било забрането да го употребува својот стап бидејќи „може да ги сопнува учителите“

Слепо девојче на коешто ѝ било забрането да го употребува својот бел стап бидејќи со него можела да ги сопнува учителите ќе мора оди во друго училиште, откако била присилена да го напушти училиштето како резултат на онлајн кампања спроведена од страна на родителите.

Франција изгласа супермаркетите непродадената храна да мораат да ја подарат во добротворни цели

Наскоро супермаркетите во Франција ќе мора да ја даруваат непродадената храна којашто го достигнала рокот за продажба, благодарение на неодамнешен предлог поднесен неодамна во француското народно собрание. Според законот…

Англиската кралица со најхристијанска Божиќна порака до сега

По година во којашто светот беше потресен од одвратните терористички беснеења и војната против бруталните екстремисти, англиската кралица реши да ја испорача нејзината најхристијанска порака до сега. Извори блиски до претстојното емитување велат дека таа своето традиционално новогодишно обраќање ќе го искористи за да ја истакне својата лична вера, како и нејзиното верување за улогата […]

Смртоносните обиди за бегство од Алкатраз

Официјално, ниеден затвореник не успеал да побегне од островскиот затвор, којшто е опкружен со смрзнувачки студени води и силни водени струи. Но, тоа не ги запрело шпекулациите дека неколкумината луѓе „кои никогаш повторно не биле видени“ навистина успеале.

Моја грешка! Катастрофа на на Мис Универзум кога Стив Харви прогласи ПОГРЕШНА победничка

Водителот Стив Харви прогласи погрешна победничка на Мис Универзум 2015 во недела навечер – и публиката гледаше вџашено како круната мораше да биде симната од главата на една натпреварувачка и ставена на главата на друга, додека сето тоа се пренесуваше на телевизија во живо.

Ново истражување го поврзува пиењето млеко со Паркинсоновата болест?!

Редовно пиете млеко? Ако е така, можеби е време да престанете. Според истражувачи од Универзитетот за медицински науки во Шига, Јапонија, загадувачите во кравјото млеко можат да го зголемат ризикот за заболување од Паркинсонова болест.

Фосил на архаичен човек од пред 14.000 години докажува дека предисториските луѓе и современиот човек живееле паралелно!?

Научниците откриле дека предисториските човечки видови живееле до релативно неодамна. Мистериозната бутна коска најдена во југоисточна Кина можеби на прв поглед не изгледа како којзнае што, но според палентеолозите, откритието има потенцијал да пренапише некои делови од човечката историја.

„Разбојниците од ИСИС групно ме силуваа до онесвестување“ – жена држена 3 месеци како секс робинка се расплака за време на говор во ОН, молејќи ги светските лидери да ја збришат ИС

Млада Јазидка сподели за ужасната тортура и силувања коишто ги претрпела од страна на исламистите од ИСИС, додека три месеци била држена како секс робинка. Надја Мурад Баси Таха го опиша своето кошмарно заточениство пред Советот за безбедност на Обединетите Нации, молејќи ги светските лидери да ја збришат терористичката група. Дваесет и едногодишната девојка го […]

Злобната жена го убила мажот и 18 години го криела телото во нивниот стан

Со бланширана руса коса и облечена во младешка облека, таа си отпатувала во едно мало рударско село во плизина на Понтиприд, на секого обраќајќи му се со „драг“ со нејзиниот силен австралиски акцент, раскажувајќи дека избегала од нејзиниот сопруг откако тој ја претепал. Била вдомена од женско добротворно здружение. „Морав да почнам од ништо“, му кажала на еден посетител на нејзиниот луксузен стан.

Изум на денот: Пловна корпа за отпадоци која ги чисти океаните

Двајца Австралијанци, Ендрју Тартон и Пит Кеглински, креирале пловна корпа за отпадоци којашто може да собира пластични шишиња, хартија, гориво и детерџенти коишто плутаат во океанот.

Актерите од „Војна на ѕвездите“ тогаш и сега

Поминаа речиси две генерации откако во кината беше прикажан првиот филм „Војна ѕвездите“ и во текот на последните 38 години шест долгометражни продолженија се појавија на големото платно. Сега, со објавувањето на седмото продолжение, е совршено време да видиме како нашите актери се измениле со текот на годините.

Дали секој си има свој двојник?

Често се случува да се препознаете сретнувајќи некој непознат и да помислите дека е некој друг. Исто така, и помеѓу славните личности има луѓе коишто многу си личат, каков што е случајот со Новак Ѓоковиќ, или со актерот Вил Ферел и Чед Смит, тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс. Но, дали секој на планетава си има свој двојник?

Тогаш и сега: Ова куче ги уништило сите плишани играчки освен само една

Запознајте се со Лука, алјаски маламут која многу сака да ги уништува своите играчки! Кариса Лерч од Дарам, Северна Каролина, отсекогаш сакала куче, но не можела да си го дозволи додека студирала. Наместо тоа, купила куче играчка, и кога конечно можела да си дозволи вистинско куче, играчката ја подарила на своето ново куче Лука. Оттогаш Лука не се разделува од својата играчка.

Урнебесните победници на еден натпревар за „Најсмешни фотографии на диви животни“

Во последно време се доделуваат најразлични награди за фотографија на дивиот свет, и речиси е невозможно да се држи чекор со сите нив, но оваа награда со сигурност треба да го заслужи вашето внимание.

Девојка од Ирска нашла сосема непозната девојка од Шведска која толку многу личела на неа, што дури и татко ѝ не може да ги разликува

Една девојка од Ирска е најновиот случај на наоѓање на двојник, при што дури и нејзиниот роден татко не може да ги разликува двете девојки. Дваесет и едногодишната Шенон Лонерган од Каунтри Кери, Ирска, ја нашла својата двојничка на Интернет, на веб страницата „Близнаци Туѓинци (Twin Strangers)“ откако била контактирана од седумнаесетгодишната Сара Нордсторм од […]

Свадбени фотографии на карпа висока над 100 метри

Фотографот Џеј Филбрик и неговата сопруга Вики ги носат нивните клиенти на застрашувачки свадбени фото-сесии на карпа висока 106 метри над земјата во државниот парк „Ехо Лејк“ во Њу Хемпшир. Ги спуштаат клиентите по карпата и ги фотографираат облечени во свечената свадбена облека со величествено изгрејсонце во позадината.

Во телефоните на стотици мигранти има слики со погубувања, отсечени глави и мртви деца, открива норвешката полиција

Кај стотици баратели на азил во Норвешка биле најдени слики со погубувања и отсечени глави во нивните мобилни телефони. Оваа откритие доаѓа во време на зголемен страв дека ИСИС ја користи мигрантската криза за да прошверцува терористи во Европа по нападите во Париз. Полицијата признава дека поради големиот наплив на бегалци кои влегуваат во земјата во текот на летото и последните месеци не успеале да ги направат неопходните темелни проверки, и не проверувале со какво минато се тие кои влегувале во земјата.

Татко од Индија со голи раце и се одмаздува на кобрата затоа што му го убила синот

Змијата, којашто е една од најотровните змии во светот, го убила малиот син на човекот. Шокантна снимка го прикажува мигот кога татко од Индија со голи раце ја фати смртоносна кобра. Кралските кобри се познати по тоа што избегнуваат контакт со луѓето секогаш кога тоа е можно, но знаат да бидат жестоко агресивни кога ќе бидат фатени […]

Животната трагедија на бодибилдерот кој дневно јадел јадел по 10.000 калории и пиел по 8 лименки енергетски пијалок

39-годишниот Дин Вормби од Рочдејл бил опседнат со зголемувањето на телесната маса, со тоа да се здобие со совршен бодибилдерски изглед. Дневно внесувал и пиел по седум до осум лименки енергетски пијалок.

15-тина слики кои докажуваат дека вашето куче ве сака без разлика на тоа колку немате пари

Штом кучето ќе формира блискост со грижливиот сопственик, ништо не може да ја скрши нивната лојалност и со својот сопственик ќе останат и во најлошото. И, за разлика од луѓето, кучињата не судат за луѓето врз основа на тоа колку богати се или дали се бездомници. Овој пост е за кучињата на бездомниците, кои со своите сопственици останале без оглед на сѐ.

Куќички во епрувета од Роза де Јонг

За нејзината серија „Микро материја“, дизајнерката и уметничка директорка Роза де Јонг од Амстердам создала кули и други видови на високи згради кои ги сместила во големи епрувети, кои можат да се споредат со бродовите во шише. Малите куќички се изработени рачно, со употреба на природни материјали, со исклучок на некои модели кај коишто бил […]

Град во САД одбил инсталирање на соларни панели бидејќи тие би можеле да го „истрошат сонцето“ или да го спречат растењето на растенијата

Градот Вудленд, Северна Каролина, САД, неодамна изгласал да се одбие конструкија на соларна централа во областа бидејќи жителите се плашеле од потенцијалните последици. Некои жители се појавиле на состаноците инсистирајќи дека недоволно се знае за соларната технологија и дека соларните панели би можеле да доведат до бројни проблеми, вклучувајќи и „потенцијално трошење на сонцето“. Една […]

„Ми го уништи животот“: Стотици жени почнале да ќелават и тужат марка за нега на косата рекламирана од Брук Шилдс и Алиса Милано

Стотици жени покренуваат тужба поради тоа што производ за нега на косата рекламиран од славни личности им предизвикал невидени болки на скалпот и опаѓање на косата. Повеќе од 200 жена од четириесет држави потегнале тужба против „Вен“, кондиционер за чистење дизајниран од стилистот за коса Чаз Дин од Лос Анџелес, тврдејќи дека употребата на формулата резултирала со ќелавеење, осип, иритација на скалпот и обезбојување на косата.

Дали физичарите само што го докажаа патувањето низ времето?

Ховерборди, летачки автомобили, бесплатна енергија, секој ден футуристичкиот начин на живот се чини се поблиску и поблиску и повеќе реалност отколку фикција. Тоа важи особено сега, кога истражувачите употребиле една честичка светлина (фотон) за симулираат патување низ времето на квантни честички. Тие во основа покажале дека фотонот може да мине низ временска дупка и да контактира со постарата верзија на себеси.

Погледнете што направија таткото и синот од овој стар училишен автобус од 90-те

Патрик Шмит бил невработен и живеел во КАлифорнија кога еден стар училишен автобус од 1990-те му го променил животот. Шмит го купил автобусот во март за 4500 долари и потоа потрошил три месеци и 9000 долари за заедно со својот татко да го преуреди во…

Студенти од Сингапур градат летачка машина

Студенти од Сингапур градат летачка машина

Осум студенти по инженерство изградиле импресивна рекреативна летачка машина која ја нарекле „Snowstorm (Снежна бура)“. Развиен во Националниот универзитет на Синграпур, уредот сличен на дрон е сместен во лесна шестоаголна рамка и низ воздухот се движи со помош на дваесет и четири мотори кои се напојуваат со три литиумски батерии на полнење.

Овие 3D печатени соларни ќелии би можеле да обезбедат електрична енергија за 1.3 милијарди луѓе

Соларната енергија добива сѐ поголема популарност во светот како што ефикасноста на соларните панели значително се зголеми во последните години, заедно со драматичното намалување на нивната цена.

Овој човек смислил генијален начин како да ги завитка подароците со невообичаена форма

Овој човек смислил генијален начин како да ги завитка подароците со невообичаена форма

Се ближат новогодишните празници и можеби веќе подготвувате подароци за вашите најблиски. За доживувањето да биде целосно, убавиот подарок треба и убаво да биде завиткан, но некои подароци имаат неправилна форма и е тешко да се завиткаат така што ќе изгледаат убаво. Овој човек нашол многу едноставно решение за овој проблем. Погледнете!

14-те најстрашни хакирања во 2015 година

Оваа година ништо не беше безбедно од хакерите. Од автомобилите и бензинските станици до телефоните и болничката опрема, хакерите станаа многу креативни во наоѓањето на нови ранливости кои би можеле да ги искористат. И уште полошо, тие успеаја да се доберат до многу поинтимни податоциво споредба со минатите години. Оваа година хакерите не само што […]

+