Вистинска чест е потпретседателот на државата да прошверцува марихуана за вас. И токму тоа го сторил Ричард Никсон за Луис Армстронг

Луис Армстронг се родил на 4 август, 1901 година. Го добил прекарот „Сачмо“ пореди неговата голема торбеста уста. За време на сегрегацијата тој станал еден од првите црни изведувачи кои станале успешни меѓу белата публика. Тој е една од највлијателните фигури во џез музиката. Покрај неговата труба, тој е препознатлив и како пејач со неговиот […]

Планира да стане најбрзата патничка откако ќе ги посети сите земји во светот за само 15 месеци… и трошоци од 198 000 долари

Авантуристка планира да го сруши Гинисовиот рекорд и да стане најбрзата патничка во светот посетувајќи 196 земји за 15 месеци. 27-годишната Кејси Де Пекол од Вашингтон тргнала на своето патешествие во јули 2015 година и сега се ближи кон крајот на нејзината епска мисија, посетувајќи 193 суверени земји, плус Тајван, Косово и Палестина. Досега смелата […]

Проколнатиот остров Гајола: Ужасната судбина што ги снашла жителите на островот

Островот Гајола (Isola della Gaiola) е мал италијански остров кој се наоѓа во близина на Неапол, во срцето на подводниот парк Гајола, заштитен регион од околу половина километар квадратен. Островот го добил своето име по пештерите долж брегот Посилипо. Ова место било високо ценето од древните Римјани, кои изградиле храм посветен на Венера на овој […]

Таткото ѝ платил за фризурата, но од училиштето веднаш ја пратиле дома

Таткото на 13-годишното девојче Шениз Бенсон од Северен Јоркшир, Велика Британија, збеснал кога неговата ќерка била пратена дома од страна на училиштето поради – непримерна фризура! 39-годишниот Дарен Бенсон вели ддека Шениз ја посакала спорната фризура воочи прославата на роденденот на нејзината средства, во текот на летниот распуст, и дека за фризурата издвоил 140 фунти. […]

Ексклузивно: Исусовиот гроб изложен за првпат по повеќе векови

За првпат по повеќе векови, научниците ја откопале површината која се смета дека била гробницата на Исус Христос. Таа се наоѓа во Базиликата на Светиот Гроб во стариот дел на Ерусалим, и била покриена со мермерна плоча од 1555 година наваму, а веројатно и векови пред тоа.

Бил Гејтс: Моите деца нема да видат ниту цент од моето богатство

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот изјавил дека неговите деца нема да видат ниту цент од неговото богатство по неговата смрт. Шефот на Мајкрософт открива дека своето богатство кое се проценува на 80 милијарди долари ќе го донира во добротворни цели. Гејтс има три деца и вели дека сите ја почитуваат неговата одлука. […]

Памела Андерсон: На синовите им споделив дека мажите ме плукаа и тепаа за време на секс, сакам тие да бидат поинакви

Памела Андерсон во текот на последните месеци повеќе пати ја изненади јавноста отворено говорејќи против порнографијата, тврдејќи дека таа ја убива љубовта, а сега повторно изненадува со откривањето на разговорите кои ги води со своите синови, 20-годишниот Брендон и 18-годишниот Дилан, на кои често им посветува и објави на социјалните мрежи. „Силно истакнувам дека мораат […]

Тинејџер од САД се разбудил од кома течно зборувајќи – шпански!

Тинејџер од Џорџија претрпел тежок потрес на мозокот додека играл фудбал – и се разбудил течно зборувајќи шпански, и покрај тоа што никогаш порано не го говорел тој јазик. 16-годишниот Рубен Нсемох е голман на елитен јуниорски фудбалски клуб во Атланта. За време на натпревар минатиот месец, средношколецот бил клоцнат во глава, по што почнал […]

9 начини како да ја задржите вашата лична моќ

Ментално силните луѓе не се откажуваат и не ја даваат својата лична моќ, а тоа не секогаш е лесно. Понекогаш врз расположението силно влијае непосредната околина, а со тоа и врз успехот и личната среќа. Како да се постигне релативна независност, советува Ејми Морин, социјален работник, психотерапевт и автор на книгата „13 нешта кои ментално […]

Филмско студио дозволило четиригодишно дете да го пишува нивниот следен филмски хит, и тоа им донело 115 милиони долари загуба!

Сите зборуваат дека холивудските сценарија се инфантилни и дека звучат како да ги пишувале деца. Па, изгледа дека понекогаш и навистина ги пишуваат деца. Парамаунт донел малку чудна одлука дозволувајќи му на четиригодишното дете на Адам Гудман, поранешниот претседател на студиот да ја развие приказната за нивниот следен блокбастер, кој детето го нарекло „Чудовишни камиони“, […]

Германецот кој веслал 48 280 километри до Австралија во кајак, за на крајот да биде уапсен како нелегален мигрант

Оскар Шпек се родил во 1907 година во Улм, Германија. По завршувањето на училиштето, започнал свој бизнис како изведувач на електрични инсталации, вработувајќи 21 човек. Во текот на 1920-тите станал познат и како голем ентузијаст во кајакарство. Во 1932 година неговиот бизнис пропаднал како последица на Големата Депресија, и како и на милиони негови сонрадодници, […]

Човек од Кина во потрага по киднапирани и продадени деца

Додека обиколува по Кина со своето возило, Ву Чинху пушта само тажна музика. Тој е во потрага по грабнати и продадени деца. Пред седум години и неговиот син бил киднапиран, и оттогаш Ву не знае за мир.

Нибиру е опасно блиску до Земјата!

Веќе подолго време се шпекулира за постоењето на деветта планета во Сончевиот систем, т.н. Планета Х или Нибиру. Според општото верување, таа планета има неправилна орбита околу сонцето и циклично се јавува во близина на Земјата по извесен временски период. Така, веќе се определува и точно време кога Нибиру би дошла во близина на нашата […]

Во Хрватска цвета студентската проституција: дење учат, а навечер „работат“

Во некои градови во Хрватска во последно време буквално процветала студентската проституција. Таа недозволена активност тешко се докажува, и точниот број на вакви случаи тешко се докажува бидејќи во полициско-правосудната статистика не постои категорија „студентска проституција“. Студентките во „бизнисот“ влегуваат најчесто сами, без макроа за со нив да не делат половина од заработката. Нивниот главен […]

Е ова нема да ви се верува! Австрискиот суд го ослободи силувачот кој силуваше 10-годишно момче во базен – не знаел човекот дека детето не сака да биде силувано?!

Мигрантот од Ирак кој силувал 10-годишно момче во базен, по што се бранел трдејќи дека имал „итни сексуални потреби“ – е ослободен од австрискиот суд! 20-годишниот Амир А. го искористил моментот кога едно момче отишло под туш во еден базен во Виена и го присилил детето во една од кабините кадешто брутално го силувал. Потоа […]

Мозочниот чип кој би можел да ве претвори во натчовек: проект вреден 90 милиони евра за импланти за зголемување на човечката меморија

Замислата за вградување на чипови во мозокот за да им се овозможи натчовечка меморија би можело да зазвучи како нешто од последниот научно-фантастичен филм, или пак како дел од една многу добро позната теорија на заговор. Но, еден познат невролог е подготвен да ја испроба оваа футуристичка технологија врз луѓе. Мемориските чипови веќе успешно биле […]

Мистеријата на Бермудскиот триаголник е конечно решена?

Научниците цврсто веруваат дека решиле една од најголемите мистерии на планетата: Што се случува во енигматичниот Бермудски триаголник? Тие велат дека причина за мистериозните случувања се „шестоаголни“ облаци, кои создаваат некаква чудна формација на облаци која предизвикува ветрови со брзина од 270 километри на час, предизвикувајќи бродовите да се превртат, а авионите да се урнат. […]

Стивен Хокинг предупредува дека вештачката интелигенција би можела да претставува најголема катастрофа за човештвото!

Според познатиот физичар Стиве Хокинг, еден ден вештачката интелигенција би можела да си развие своја свест и волја и да стане една од најголемите закани за човештвото. Ова би можело да резултира во развој на опасни и моќни автономни оружја, повикувајќи ги истражувачите дополнително да ја испитаат вештачката интелигенција и на што е способна таа. […]

Дали е безбедно да се расте бебе како веган?

Има правилем и погрешен начин да се одгледа бебе на веганска храна, тврдат експертите. На почетокот на овој месец, мајка од Пенсилванија, САД, била обвинета за доведување на своето дете во опасност затоа што го хранела со мали количества оревести и зрнести плодови. Во Италија е предложен закон со кој подложувањето на деца под 16 […]

Модни фанатици: На секоја жена ѝ е потребна посебна просторија за чевли вредна најмалку 34.000 евра

Има една поговорка која вели, ако чевлите ви се точни – носете ги. Но, што ако поседувате повеќе чевли и од Имелда Маркос и нив не ги собира во вашиотплакар. Тоа е проблем со кој се соочува сѐ поголем број жени од Британија – бидејќи повеќето о нив веќе поседуваат повеќе од 20-ттина пара чевли. […]

Лизи Веласкез – „грдата“ жена која е инспирација за милиони луѓе

Запознајте се со Лизи Веласкез – една од најсмелите и најинспиративни жени на планетата. 27-годишната Американка страда од исклучително ретко заболување, поради кое нејзиното тело воопшто не може да складира масти, како и од Марфанов – генетско заболување на сврзното ткиво. Лизи е родена во март 1989 бодина. Кога се појавила на овој свет, тежела […]

Човекољубец засипал руски град со пликови со пари

Анонимен руски филантроп на своите сограѓани раздал 50 милиони рубљи (околу 715 000 евра). Штедриот богаташ буквално ги засипал улиците на градот Магнитогорск со пликови полни пари. Отпрвин граѓаните си помислиле дека банкнотите се лажни, но при проверка во банката се покажало дека се вистински. Филантропот во пликовите ставил банкноти од најразлична вредност – од […]

Шведски град на своите граѓани повратници од ИСИС им нуди куќа и социјална помош, како дел од програмата за реинтеграција

Програма за рехабилитација на поранешните борци на ИСИС и други екстремисти им нуди вдомување, вработување, образование и финансиска поддршка. Властите велат дека овие контроверзни мерки целат кон тоа џихадистите повратници повторно да се интегрираат во шведското општество и со тоа да бидат спречени да се вратат во нивните поранешни терористички мрежи. Ана Сјостранд, општински координатор […]

Кога сум бил бебе, мојот зол татко ми вбризгал крв заразена со ХИВ. Сакал да ме убие за да не плаќа алиментација

Кога Брајан Стјуарт на својот син му вбризгал инекција полна со крв заразена со ХИВ, не се надевал ни во сон дека 24 години подоцна на својот син ќе мора да му погледне в очи. И да биде уште полошо за Стјуарт, тој ќе може да го гледа својот син само во – затвор! Брајан […]

Дали би си намачкале УРИНА на вашето лице во име на убавината? Овој блогер го стори токму тоа!

Амбициозен блогер за машка убавина отиде во крајности во име на убавината. Во урнебесно ново видео, Џемс Вер од Лондон се намачкал себеси со сопствената урина за да ја проба оваа нова мода за нега на кожата. „Последната мода во козметиката е нешто што морам да го пробам…Таа се нарекува уринска маска и треба да […]

Слика која ќе ви го стопли срцето: Насмеано бебе блика од среќа, веднаш по неговото предвремено раѓање

Прекрасна фотографија со предвреме родено бебе го освои целиот интернет. Објавена од мајката Лорин Винџ, фотографијата била споделена повеќе од 100 000 пати и добила повеќе од 285 000 лајкови на Фејсбук страницата „Love What Matters“. „Нашата прва ќерка стара пет ден. Тешка 1,7 килограми и пресреќна што е жива! Напишала Винџ во коментарот кон […]

Го реновирале домот и нашле еден стар куфер…

Двојка која го реновирала својот дом добиле пријатно изненадување кога нашле куфер скриен на таванот во нивниот подрум. 35-годишниот сам-свој-мајстор вели дека веќе неколку години живеат во куќата изградена во 1940-тите, но досега ги имале реновирано само првиот и вториот кат од куќата, за дури сега да стигнат до подрумот.

Американските претседателски избори се вистинско шоу! Мадона понуди орален секс за секој кој ќе гласа за Клинтон

Мадона отсекогаш била восприемана како исклучително сексуално провокативна личност, но неодамна 58-годишната пејачка го достигна својот…климакс, да кажеме, во обид да натера што е можно повеќе луѓе да гласаат за Хилари Клинтон. Поп ѕвездата имаше изненадувачки настап пред шоуто на Еми Шумер во њујоршки Медисон Сквер Гарден, и направи една неочекувано провокативна понуда. Имено, таа […]

Невозможна машина на која не ѝ треба гориво и која им пркоси на законите на физиката, НО СЕПАК РАБОТИ!

РАБОТИ! Во повеќе независни лаборатории се докажа дека „невозможната“ машина на која не ѝ е потребно гориво и која им пркоси на законите на физиката работи. Но, научниците сѐ уште не се сигурни зошто и како. Машината се нарекува Емдрајв (EmDrive) и би можела да пренесе астронаути на Марс за само десет седмици. Револуционерната машина […]

Студент избегал од дома откако решил „само“ 98% од тестот по математика, затоа што родителите ќе го тепале и немало да му даваат јадење

Студент изјавил дека бега од неговите родители стравувајќи дека ќе го казнат поради тоа што решил 98 отсто од неговиот тест по математика. 19-годишниот студент на Квинслендскиот универзитет објавил фотографија на социјалнит медиуми покажувајќи го резултатот од својот тест и молејќи за покрив над главата. Студентот, кој е родум од Кина, изјавил дека се плаши […]

+