Атеизмот не е современ феномен и цветал во древните општества на античка Грција и предхристијанскиот Рим, тврди професор на универзитетот Кембриџ. Во неговата последна книга „Водејќи битка со боговите“, Тим Витмарш фрла поглед на тоа дека не мора да значи дека древните луѓе верувале во Бог или богови и дека во раните општества атеистичките верувања се сметале за нормални.

Витмарш, професор по грчка култура и вонреден професор на Колеџот на Св. Јован, вели дека на атеизмот вообичаено се гледа како на современа појава и развој, додека пораните цивилизации биле склони кон верувањето во религии – од што се изведува заклучок дека ние природно сме предиспонирани да веруваме во богови.

so

Сократ бил осуден на смрт со пиење отров поради наводно безбожништво и расипување на младината

„Тежнееме кон тоа да го гледаме атеизмот како идеја која се појавила дури во секуларните западни општества“, вели тој. „Таа реторика го опишува како супер модерна појава. Но всушност, раните општества биле многу поспособни бидејќи атеизмот спаѓал во спектарот на нештата кои тие ги сметале за нормални“.

Во својата книга Витмаш тврди дека примери на атеизам, или неверување, можат да се сретнат во писанијата на Ксенофан од Колофон ((570-475 пр.н.е.), додека Платон (400 пр.н.е.) пишува дека неверниците „не биле првите кои имале вакви гледишта за боговите“. Витмарш вели дека причината поради која сметаме дека атеизмот се појавил релативно неодамна лежи во тоа што општо земено не се појавува во раните текстови.

Професорот фрла поглед кон историја долга 1000 години, истражувајќи ги различните форми на неверување посведочени од философите, писателите и јавните личности. Ова е особено присутно во античка Грција, кадешто различните градови-држави имале свои традиции и обичаи. Во тоа време луѓето имале сосема различна претстава за божественото, во споредба со денес. „Замислата некој свештеник да ви кажува што да правите била туѓа за грчкиот свет“, вели Витмарш. Тој смета дека не мора да значи дека на атеизот се гледало како на морално погрешна појава, туку дека попрво бил толериран како гледна точка кога се дискутирало за боговите.

Тој посочува кон писателот Еврипид, кој пишувал драми во кои ги критикувал божествата, а следбениците на грчкиот философ Епикур биле група атеисти кои ја отфрлале претставата дека боговите имаат контрола врз животот на луѓето.

Но, на древниот атеизам му дошол крај кога општествата кои верувале во повеќе богови ја замениле својата религија со вера во еден, семоќен бог. Прифаќањето на христијанството во Рим било „сеизмичка“ промена во религијата во империјата, вели тој. На крајот ова оставило многу мал простор за атеизам.

„Верниците за атеизмот зборуваат како за патологија во особено чудната фаза на западната култура којашто ќе помине, но ако од некого побарате добро да се замисли, сосема е јасно дека и во антиката имало луѓе кои размислувале на овој начин“, тврди Витмарш.

„Наместо да донесуваат суд врз основа на научни докази, овие рани атеисти правеле се чини универзални приговори за парадоксалната природа на религијата – фактот дека од вас бара да прифатите нешта коишто интуитивно гледано во вашиот свет ги нема. Фактот дека ова се случувало пред илјадници години сугерира дека форми на неверување можат да постојат во сите култури, и веројатно постоеле отсекогаш.“

Сподели на Facebook
пати видено