Мистериозниот објект кој се наоѓа вон орбитата на Нептун се однесува чудно – ги крши вообичаените правила на орбитирањето, што научниците не можат да го објаснат. Транс-нептунскиот објект го доби прекарот Нику, што на кинески значи „бунтовен“.

„Се надевам дека ги врзавте сигурносните појаси, бидејќи нашиот Сончев систем само што стана уште почуден“, напишала на Твитер Мишел Банистер, астроном на универзитетот Квинс во Белфаст, мислејќи на откривањето на транс-нептунскиот објект, нешто што се наоѓа во Сончевиот систем, зад Нептун. Објектот е 160 000 пати поблед од Нептун, но научниците сепак успеале да го набљудуваат дваесет и два пати. Според проценките, овој „леден свет“ веројатно има околу 200 километри во пречник. Во моментот се наоѓа над рамнината на Сончевиот систем и секој ден се повеќе се придвижува нагоре и назад кон сонцето. И токму тоа е тоа што сите ги зачудува.

nk

„Кога ќе земете предвид дека Нику кружи околу сонцето во спротивна насока од речиси сѐ останато во Сончевиот систем, не е тешко да се заклучи зошто Нику го добил тоа име“, пишува Њу Сајентист.

Една од теориите е дека на Нику влијае гравитацијата на некој голем небесен објект. Постојат и други теории, како на пример познетата „Супер Земја“ позната како Девета планета или Немесис, никогаш видената кафеава „сестра“ на нашето сонце или пак некое непознато џуџе во Кајперовиот појас. И сите се „проблематични“ кога се прават обиди да се објасни патеката на Нику.

Астрономите заклучиле дека „механизмот кој ја предизвикува и одржува порамнувањето на објектот е с`еуште непознат“. Се чини возможно некој судир да го пратил Нику во негова сопствена орбита или дека транснептунскиот објект е „грабнат“ од друг дел на галаксијата кога доволно се приближил до сонцето. Но, сѐ уште не се знае дали некоја од овие теории би можела со сигурност да го објасни неговото однесување.

Сподели на Facebook
пати видено