Астронаутот од Аполо 11 мисијата, Баз Олдрин поминал на детекторот за лаги откако тврдел дека се сретнал со „вонземски живот“ за време на мисијата до Месечината во 1969 година. 88-годишниот Баз бил дел од тестот кој исто така опфаќал анализирање на интервјуата од астронаутите Ал Ворден, Едгар Мичел и Гордон Купер.

Снимените интервјуа со астронаутите биле тестирани со користење на најнова технологија на Институтот за биоакустична биологија во Олбани, Охајо.

Експертите тврдат дека нивните резултати докажуваат дека биле „целосно убедени“ дека нивните тврдења за вонземјани се вистинити. Олдрин секогаш тврдеше дека забележал НЛО на патот до Месечината. „Имаше нешто таму што беше доволно блиску за да се види, нешто во L форма.“, се сеќава Олдрин, кој е вториот човек кој стапнал на Месечината.

Институтот за биоакустична биологија спроведе анализа на гласовите на астронаутите кога зборувале за нивните средби со вонземјани. Шери Едвардс од BioAcoustic изјавила дека нивните тестови откриле дека Алдрин е сигурен дека видел НЛО, иако неговиот логичен ум „не може да го објасни тоа“.

Минатата година, пилотот на Аполо 15, Ал Ворден изјавил дека видел вонземјани за време на неговата мисија. Исто така, биле анализирани и гласовни снимки на астронаутите од НАСА, Едгар Мичел и Гордон Купер, кои се и починати.

Во интервју за 2009 година, Мичел, кој бил дел од мисијата Аполо 14, тврдел дека видел повеќе НЛО. Купер претходно опишал обид да брка повеќе објекти.

Тестовите откриле дека Купер и Мичел верувале дека ја кажуваат вистината. Оваа технологија е сѐ уште врвна тајна, но се тврди дека овие тестови се посигурни од тековните детектори за лаги.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено