Астронаутите на Аполо, коишто кружеле околу месечината два месеци пред познатото зачекорување на Нил Армстронг во 1969 година, слушнале мистериозна и необјаснива „музика“ на нејзината оддалечена страна, далеку од опсегот на радио брановите кои би можеле да дојдат од Земјата.

Неодамна објавени снимки на НАСА ги покажуваат збунетите и изненадени реакции на астронаутите на чудната бучава во нивните слушалки. Звукот се јавил кога капсулата се нашла на едночасовно патување околу темната страна на месечината. Во еден миг може да се слушне како збунетите астронаути разговараат за тоа дали би требало да го известат командниот центар на НАСА за тоа.

ns01

„Го слушна ли тоа? Тој звук како свиркање?“ – вели еден од нив. Друг астронаут птоврдува: „Звучи како, знаете, како вселенска музика.“
„Па, тоа секако е чудна музика“, одговара неговиот придружник.

ns02

Звукот траел речиси целиот еден час додека капсулата била над темната страна на месечината, а кога се вратиле на Земјата, снимките биле класифицирани како тајна од страна на НАСА, за да бидат декласифицирани во 2008, и ќе се појават во следната, трета сезона на серијата „Необјаснети досиеја на НАСА“ на Научниот Канал. Во емисијата се разгварра за можните причини за појавата на звукот, како магнетско поле или мешањето на атмосферата во радио сигналот – но според експертите, месечината нема магнетско поле и нема доволно силна атмосфера за да предизвика такво нешто. Потеклото на звуците сега за сега останува мистерија.

na03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено