Aston Martin DB5 опремен со сите гаџети на Џејмс Бонд, користен во класичниот филм Голдфингер од 1964 година, се продаде на аукција за неверојатни 6,4 милиони долари.

Моделот од 1965 година е опремен со неколку од најголемите алатки 007, вклучувајќи митралези, штит за заштита од куршуми и секачи на гуми.

Возилото – опишано како „најпознатиот автомобил во светот“ беше продадено на аукција како дел од специјалниот настан на „Астон Мартин“ Монтереј и стана најскапиот DB5 досега продаден на аукција.

Иако автомобилот никогаш не бил виден во филмовите Бонд, тој одговара на оној што го управувал Шон Конери во култните филмови Голдфингер и Тандербол.

Сподели на Facebook
пати видено