Поранешен инженер на Кралските воздушни сили на Британија ги употребил своите познавања да си направи оригинално живеалиште среде австралиската дивина, откако му се смачило од неговите бучни соседи. На неверојатната видео снимка се гледаат два транспортни контејнери кои поранешниот авијациски заповедник Пол Чемберс ги преуредил за да создаде самостојно живеалиште надвор од мрежите, по цена од 40 350 евра.

rf01

Пол, кој по потекло е од Линколншир, специјалист за изградба на воени авијациски симулатори, се решил да ја изгради оваа уникатна куќа бидејќи неговата жена Сара, од Хит (Кент), не уживала во животот со безобѕирните соседи.

rf02

Оваа куќа во сопствена изработка е сместена на стотина километри од цивилизацијата и најблискиот град Њукасл. Чемберс раскажува:

„Еден ден се вратив дома и дознав дека Сара ја ставила куќата на продажба и се повикуваше на мото ветување дека еден ден ќе се преселиме на некое помирно место. Куќата се продаде за една недела, на првите луѓе кои дојдоа да ја видат, и тогаш станавме бездомни. Контејнерската куќа сѐ уште не беше подготвена за вселување. Најдовме еден пријателски расположен локален жител кој ни даде простор на неговата ливада да ги ставиме нашите контејнери. Единствениот недостаток беше тоа што моравме да направиме пат до врвот на планината.

rf03 rf04

Првите години беа голем тест, и се сомневав дека Сара ќе сака да остане во дивината, но излезе дека ова ѝ е природна средина. Нашите заштеди ги инвестиравме во изолација на куќата, прозорци и резервоари за вода.“

rf05

Транспортните контејнери биле купени од локално пристаниште и биле транспортирани 100 километри навнатре во копното. Тоа се стари Костико контејнери, кои биле добро искористени, но сѐ уште во добра состојба. Сега живеат еколошки и здрав живот во природата, опкружени со животни како валаби кои често можат да бидат видени на нивниот имот. Сара ужива во градинарството на специјалниот зелен простор кој е на само неколку чекори од нејзината кујна.

rf06

„Ние сме самостојни кога станува збор за електрична енергија и вода и не мора да плаќаме никакви сметки“, вели Пол. „Нашиот дом е прв транспортен контејнер во светот кој има прозорци од затемнети стакла, коишто Сара ги направи под водство на експерт. Се грееме на дрва, а и нашата бања е уникатна, со панорамски поглед кон грмушките. Приватните мигови ги делиме со валабите во дивината, а дивите животни не обрнуваат многу внимание на нашата голотија кога се тушираме.“

rf07 rf15 rf14 rf13 rf12 rf11 rf10 rf09

Сподели на Facebook
пати видено