Casa Milà (или Ла Педрера) од Антони Гауди е еден од најпосетуваните објекти во светот познат по својот надреалистички и неконвенционален дизајн. Оваа зграда е толку уникатна што е прогласена за светско наследство од УНЕСКО. Но, не е само дизајнот кој ја претворил оваа куќа во архитектонско ремек-дело.

Местото каде што е изградена градбата само по себе е толку извонредно што нè тера да се запрашаме дали некогаш некој повторно ќе изгради нешто вакво. Е па запознајте ја Лаура Џејн Кларк, талентиран архитект кој претвори подземен јавен тоалет во куќата од нејзините соништа.

Како сѐ започна

Лаура Кларк е англиски архитект кој специјализира во станбени конверзии, проширувања и нови згради. Лаура, исто така, дизајнира свој мебел и ентериер во соработка со други уметници и дизајнери. Има освоено неколку награди кои го слават нејзиниот креативен и иновативен пристап кон дизајнот и архитектурата.

Лаура првпат ги забележала напуштените тоалети во 2005 година, кога се преселила во Лондон. „Секогаш ја сакав идејата за микро-регенерација. За мене, тоа е за заштеда на места за градење со интересна историја кои биле напуштени и заборавени.“, вели Лаура.

Долгиот пат до куќата од нејзините соништа.

Тоалетите биле изградени во 1929 година и последен пат биле користени во 1980-тите. Не е ни чудо што многу прелиминарни работи, како што се уривање и чистење, требало да се направат за да се претвори ова напуштено место во пристојно градилиште.

Местото било валкано и полно со ѓубре. Заедно со градители и работници, Лора го започнала своето долго патување кон создавање на удобен дом.

„Јас работев голем дел од физичката работа, затоа што беше тешка и грозна работа и тешко беше да се најдат работници.“, додава Лаура.

Конечно, по неколкумесечна напорна работа и потрошени 65.000 долари, проектот бил завршен и она што порано било познато како напуштен јавен тоалет се претворил во стилски стан исполнет со светлина и боја.

Проектот е завршен!

Сподели на Facebook
пати видено