Тим од археолози коишто работеле во Боеслунде, Данска, неодамна налетале на интригантна мистерија: близу 2.000 тесно намотани златни спирали кои датираат од бронзеното доба. Пронаоѓањето на злато во Боеслудне не е реткост, бидејќи во тој регион биле најдени најразлични златни објекти во текот на последните неколку години. Но намената на овие златни намотки ги оставила археолозите и експертите затечени.

Спиралите се изработени од екстремно чисто злато коешто било исчукано да биде рамно со дебелина од само 0.1 милиметар. Некои парчиња се долги до 3 сантиметри и сите заедно тежат помеѓу 200 и 300 грама. Нивната точна намена е непозната, но Флеминг Каул, кустос во Националниот музеј на Данска верува дека намотките најверојатно се поврзани со луѓето од бронзеното доба кои биле познати по тоа што нуделе злато како дар за вишите сили за време на нивните ритуали на обожување на сонцето.

„Сонцето било еден од најсветите симболи во бронзеното доба, а за златото се сметало дека има особени волшебни својства“, пишува КАул. „Можеби свештеникот-крал носел златна алка на раката, и златни спирали на неговата наметка и шапка.“

Се претпоставува и дека спиралите можеби биле дел од детално разработено принесување жртва. За што и да се применувале или какво е значењето на овие златни спирали, сепак се работи за исклучително и бесценето откритие.

gold-1 gold-2 gold-3 gold-4

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено