Гробот на „дете вампир“ ги зачудило археолозите кои вршеле ископувања во Рим, Италија. Детето. чиј пол не може да се определи, починало на 10-годишна возраст, пред околу 1.600 години.

Она што го поврзува со „вампирството“ е каменот кој бил намерно ставен во неговата уста, со цел да „не може да стане“ од гробот и да им наштети на живите. Тестовите направени врз скелетот, сега познат како „Вампирот од Лугано“, откриле дека детето имало маларија во моментот кога починало.

„Никогаш не сум видел нешто слично. Тоа е крајно морничаво и чудно.“, вели професорот Дејвид Сорен, археолог на Универзитетот во Аризона. Каменот бил намерно вметнат во вилицата на детето, но ова не е единствениот бизарен случај на овие антички гробишта.

На друго место друго дете, за кое се верува дека било на возраст од три години во времето на смртта, било покриено со камења. Тестовите досега откриле дека телото најверојатно било погребано во петтиот век за време на појава на маларија.

Тимовите кои ги истражуваат гробовите пронашле, докази за вештерство. Во откопаните предмети имало канџи од гаврани и бронзени котли. Гробиштата најверојатно биле наменети за деца, кои починале од различни болести. Во текот на летото биле пронајдени 5 нови гробови.

Други средновековни методи за „спречување на починатиот да стане вампир“ вклучуваат и прободување со колец во срцето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено