Не, ова не значи дека може да станете милионер ако го вклучите вашиот телефон без да ја внесете лозинката.

Целокупната сума од милион долари ќе му припадне на лицето кое ќе го хакира јадрото на системот iOS – со нула кликања од сопственикот на iPhone.

Уште 500.000 американски долари се понудени за истражувачот кој може да оркестрира мрежен напад, за да не бара интеракција од корисниците на телефонот. Исто така, има 50% бонус за хакерите кои можат да најдат слабост во новиот оперативен систем додека сѐ уште се во бета форма (пред да излезе во јавноста).

Оваа награда е досега најголема награда понудена за наоѓање на грешка од голема технолошка компанија. Пристапот до програмата за пронаоѓање на грешки на Apple досега беше со посебна покана и со суми до 200.000 американски долари. Како и да е сега секој истражувач ќе може да аплицира и да има шанса на исплата на 1 милион долари.

Шефот на безбедносното инженерство на Apple Иван Крстиќ, ги објави измените во програмата додека зборуваше на конференцијата „Црна шапка“ во Лас Вегас. Како што објави Форбс, Крстиќ исто така откри дека наградата на грешки ќе се прошири на Mac, watchOS и оперативниот систем Apple TV.

Сподели на Facebook
пати видено