Протегајќи се во заливот помеѓу објастите Џинџианг и Нанан, западно од градот Фужу, се наоѓа мостот Анпинг – прекрасен мост од дванаесеттиот век, познат уште како и мостот Вули и е изграден од огромни камени блокови. Долг е повеќе од два километри, или потожно кажано 2070 метри и е втор древен мост по должина, веднаш зад 2437 метри долгиот Константинов Мост над Дунав. Сѐ до 1905 година, мостот Анпинг бил најдолгиот мост во Кина.

Мостот бил изграден во периодот помеѓу 1138 и 1151 година за време на династијата Сонг, и се состои од 331 гранитна греда, при што најголемата тежи 25 тони. На секоја страна од мостот има шест пагоди пагоди. Изградени од тули, шестоаголни петкатни пагоди се високи дваесет и два метри и можат да се видат оддалеку. Нз мостот имало и пет павилјони кадешто патниците можеле да се одмораат, но од нив денес останал само еден. Анпинг сега се наоѓа под национална заштита, а просторот околу него се преуредува во парк.

an01 an02 an03 an04 an05 an06 an07

Сподели на Facebook
пати видено