Државната полиција на Индијана, САД, заплени повеќе од 35 килограми марихуана, спакувана во багажникот на автомобилот за време на рутинската сообраќајна контрола. Во понеделникот наутро, полицаец во Индијана стопирал Ford Expedition од 2017 година на автопатот И-70 во близина на Гринфилд, откако црниот автомобил почнал да излегува надвор од сообраќајните ленти.
Кога автомобилот бил стопиран и прегледан околу 11 часот полицијата открила големо количество на марихуана со вредност од 250.000 долари, спакувана внатре во автомобилот. Полицијата го уапсила 51-годишниот Кристијан Ели од Елберт, Колорадо и 42-годишниот Остин Џонсон од Индијанаполис.
Тие биле транспортирани до затворот Ханкок на прелиминарни обвиненија за дрога. Полицијата соопшти дека истрагата сѐ уште е во тек. „Ова е тековна истрага, полицајците ќе работат со окружниот обвинител на Ханкок за да утврдат формални обвиненија“, се вели во соопштението на државната полиција на Индијана.
Наредникот Џон Перин ја споделил фотографијата од конфискуваната марихуана на својот Твитер, велејќи: „Нечија прослава на 4/20 е откажана #НиеЌеВеФатиме“




