Полицаец кој не бил на должност бил фатен на камера како вперува пиштол во невин човек за кој тој сметал дека украл мастики од 1 долар. На камерата се гледа како Хозе Ареола ги плаќа мастиките во Буена парк, Калифорнија, пред да ги стави во џебот во моментот кога влегол полицаецот.
Хозе објаснувал дека платил за мастиките, а полицаецот барал од касиерот да му го потврди тоа. Откако касиерот неколку пати му потврдил дека човекот си ги платил мастиките полицаецот се извинил. На крајот од видеото полицаецот му вели на касиерот: „Знаеш кој сум јас, така?“ Сепак Хозе и неговата сопруга се револтирани од инцидентот и поднеле тужба.
„Најтешко за мене не беше пиштолот, туку неговата ароганција неговиот начин на разговор со мене – тој ме третираше како парче ѓубре.“, изјавил Хозе. Тој вели дека не сака полицаецот да биде отпуштен туку да добие подобра обука. Полицијата не сакала да го открие идентитетот на полицаецот.


