Лора Волес од американската држава Аризона го објави на интернет ова писмо што го нашла во новата чанта произведена во Кина. Текстот на писмото непријатно ќе ве изненади и ќе ве натера многу повеќе да го цените она што го имате.

„Заробениците во затворот Иншан во Гуангски, Кина, работат по 14 часа на ден без прекин, до 12 часот во ноќта. А кој не успее да ја заврши работата за тоа време, го тепаат.
Храната е без сол и масло. Секој месец газдата ни плаќа по 2000 јуани (околу 16.000 денари), но ако се разболиме и ни требаат лекови, ни одбиваат од платата. Да се биде заробеник во Кина е полошо отколку да се биде коњ, крава, овца, свиња или куче во САД.“

Сподели на Facebook
пати видено