Метју Емануел повикал мал багер за да му ископа неколку дупки во дворот за да си засади дрвца околу семејната куќа во Стејтн Ајленд, во која живеат 4 години.

Работниците при копањето наишле на метална кутија покрај оградата и со дозвола на сопственикот на куќата, ја извадиле. Откако го отвориле сефот, внатре нашле пари, хартии од вредност и накит.

16.300 долари биле добро зачувани, а само околу 50 акции во вредност од 100 долари биле оштетени од влага. Според документите пронајдени во сефот, станало јасно дека негови сопственици биле соседите на Метју.

Се испостави дека во 2011 година сефот им бил украден, а полицијата никогаш не успеала да го пронајде. Чесниот пронаоѓач реши да им го врати сефот заедно со парите на вистинските сопственици.

Сподели на Facebook
пати видено