Интернетот е познат по својата моќ да ги обедини луѓето според причините во кои веруваат. Најлош дел е – некои од причините се граничат со смешки. Една од нив е озлогласената вирусна сензација „Да се нападне Област 51-Не можат да не сопрат сите“. Оваа група на социјалните мрежи привлече над 2 милиони луѓе и голем број од нив со месеци се спремаа да ја нападнат воената база во Невада, САД, за која многу веруваат дека крие вонземјани и нивната технологија.

„Нападот“ бил закажан за 20 септември и иако можеби некој сериозно го сфатил во глобала луѓето дошле само за да видат колкав одзив ќе има. Стотина луѓе дошле во областа, а неколку кои биле поупорни биле и уапсени од страна на полицијата.

Сподели на Facebook
пати видено