Рајан Шон Дејви се криел во пештера на Монт Еверест, на надморска височина од 6.000 метри. Властите од Непал му го конфискувале пасошот и тој треба да плати казна од 20.000 евра.

Странците треба да и платат на владата на Непал 10.000 евра доколку сакаат да се искачат на Монт Еверест. Гуанендра Шрест службеник од базниот камп во јужниот дел од планината, вели: „Го видов сам во близина на базниот камп, му се приближив и тој избега. Го пратев заедно со еден мој пријател и го пронајдовме во една пештера. Тој поставил камп на оваа изолирано место, за да ги избегне обврските кон државата.“

Многу е тешко еден алпинист да се искачи на Монт Еверест сам без водич, и тим кој ќе му помага од базната станица. Дејви нема да може да влезе во Непал наредните 5 години, а исто така нема да може повторно да се искачува на планината во наредните 10 години.

Дејви за себе вели дека е продуцент и режисер. Тој немал доволно пари за да си го плати летот од Еверест регионот до Катманду, со цел да си го земе пасошот. Дејви им рекол на властите дека ќе пешачи до таму. Тоа патување, би траело цели 4 дена.

Сподели на Facebook
пати видено