Алкохолот може да употреби за многу практични работи, а не само да се натрескате толку што да не знаете кај сте. Прочитајте ги овие неколку практични совети.
Отстранете ја непријатната миризба на вашите чевли
Измешајте вода и мастика во еднаков сооднос и со течноста напрскајте ги вашите чевли и оставете да се исушат. Алкохолот ги убива бактериите, наместо да ја маскира миризбата како што прават парфемите.
Измешајте мастика со јаболков оцет за да избркате бубачките
Измешајте вода, јаболков оцет и мастика во еднаков сооднос и потоа додајте миризливи масла.
Отстранете кармин или било каква дамка со мастика
Натопете ја дамката со мастика и потоа остатокот исчистете го со четкича за заби. Исплакнете ја облеката со вода, и исперете како и вообиаено.
Отстранете ја `рѓата со мастика
Оставете ги `рѓосаните потопени во мастика неколку часа, а потоа избришете ја `рѓата.
Додадете лажичка во вашиот детерџент за садови. Помага при разложувањето на мрснотиите.
Со мастика убијте ги бактериите во вашите пори
Но потоа задолжително употребете навлажнувач, бидејќи ја суши кожата.
Убијте го плевелот во вашата градина со помош на мастика
Ако не сакате да користите пестициди, ова е одлично решение.
Исчистете ги бричовите со мастика наместо со вода
Ова ќе ги одржува во совршено чиста состојба и ќе го спречи `рѓосувањето.