Најголем дел од кутиите со цигари низ светот денес, на задната страна содржат фотографија која предупредува за опасностите од пушењето и ова е веќе прифатено од луѓето. Но, што ако си купите цигари и на задната страна забележите нешто познато.

Едно момче си купило неколку кутии тутун во Луксембург и на задната страна имало човек со една ампутирана нога со предупредување дека пушењето ги затнува артериите. Сепак лузните биле прилично карактеристични и му биле познати на момчето. Тој сфатил дека станува збор за ампутираната нога на неговиот татко.

Сепак, неименуваниот 60-годишен маж, кој е од Албанија, но живее со семејството во Франција не ја изгубил ногата поради пушењето. Неговата нога била ампутирана по вооружен инцидент во 1997 година во Албанија.

Оттогаш, ќерката на човекот ги дала следните коментари за регионалниот весник, Le Républicain Lorrain: „Тој [мојот брат] се враќаше од Луксембург. Без да каже еден збор, тој стави голема кутија тутун на масата. Бевме изненадени. Ние не верувавме. Веднаш сите знаевме дека тоа е ногата на нашиот татко. Неговите лузни се карактеристични.“

Човекот тврди дека фотографијата е искористена без негова дозвола и верува дека била земена од локалната болница која ја посетил за да разговара за потенцијалот апарат за одење.

Правниот претставник на семејството, Антоан Фитанте, потврди дека ногата на кутијата со тутун му припаѓа на човекот за кој станува збор и објаснува дека неговиот клиент се чувствува „предаден“. Г-дин Фитанте сега ја контактирал болницата за да се распраша како фотографијата од ногата на човекот била искористена за оваа намена.

Исто така, контактирана е Европската комисија, која има крајна одговорност за дистрибуција на фотографиите на пакувања на цигари во ЕУ. Г-дин Фитанте објаснил дека комисијата најчесто ги користи фотографиите земени од базата на податоци, откако ќе бидат потврдени и објавени со согласност на фотографираната личност.

Сподели на Facebook
пати видено