Врз основа на интензивниот опишан работен распоред на Илон Маск, неговото време во канцеларијата може да вреди најмалку 900 илјади долари за час.

Часовната пресметка се основа врз пресметките на Entrepreneur magazine, откако била земена во предвид неговата потенцијална заработка, само од Тесла.

Маск ја објаснил својата работна рутина во автомобилската и енергетската компанија со седиште во Пало Алто, Калифорнија, велејќи дека на работа поминува 120 часа неделно. „Имаше моменти кога не ја напуштив фабриката три или четири дена – денови кога не излегов надвор. Ова навистина беше на сметка на моите деца и пријателите.“

Ако тој успори и работи помалку време, но сепак ја постигне целта од 650 милијарди долари, неговото време ќе вреди уште повеќе на час врз основа на последната исплата.

Платата на Маск од Тесла е јавна и е поставена на минималната плата во Калифорнија, но обично не ја зема. Тој, исто така, заработува плата од SpaceX, приватна компанија, од која финансиските податоци не се обелоденети. Значи, додека проценетата нето вредност на Маск е 24 милијарди долари.

Но, Тесла го објави својот долгорочен план за компензација за извршниот директор и тој е комплициран. Исто така, се базира само на неговата изведба.

„Илон нема да добие гарантиран надомест од било каков вид – нема плата, нема парични бонуси и нема капитал што ќе ги добива едноставно со текот на времето. Наместо тоа, единствената компензација на Елон ќе биде награда за ризик од 100 проценти, што гарантира дека ќе му се надомести само ако Тесла и сите негови акционери работат исклучително добро. Бидејќи сите вработени во Тесла имаат обезбедено капитал, ова исто така значи дека надоместот на Илон е поврзан со успехот на сите во Тесла.“, велат од компанијата.

Врз основа на пресвртниците што треба да се исполнат, ако Маск успее да ја донесе Тесла до вредност од 650 милијарди долари, иноваторот ќе биде платен околу 55,8 милијарди долари. Бидејќи знаеме дека Маск работел со неверојатна стапка од 120 часа неделно веќе подолго време, под претпоставка дека така ќе продолжи, ќе работи 17 часа секој ден, што изнесува 6.240 часа годишно и вкупно 62.400 часа во следната деценија.

Кога 55,8 милијарди долари ќе се поделат со сите овие 62,400 часа, тоа значи дека неговиот час ќе биде еднаков на 900 илјади долари за час, за време поминато во канцеларијата.

Но, ако тој не ги исполни целите наведени за него, тој нема да добие ништо, и сите оние работни недели, колку и да се долги, ќе завршат без награда за извршниот директор.

Сподели на Facebook
пати видено