Историјата е полна со добро разработени измами и бесмислени шеги, но овие дванаесет археолошки „шеги“ се обиделе навистина да ја сменат историјата. Во некои случаи, измама-неизмама, и навистина успеале.

Пилтдаунскиот човек

izm01

Цели четириесет години се верувало дека Пилтдаунскиот човек бил древната „недостасувачка алка“ во еволутивниот развој помеѓу мајмуните и луѓето. Черепот составен од повеќе други черепи бил најден во Англија, точно на местото кадешто белите европски супрематисти си помислиле дека нашле доказ за нивната еволутивна супериорност.
Идентитетот на тој кој го изработил ова археолошко „откритие“ никогаш не бил утврден, но за лепењето на делови од череп од човек, шимпанзо и орангутан за да се направи нашиот „предок“ биле осомничени од неговиот пронаоѓач Чарлс Досон, па сѐ до писателот сер Артур Конан Дојл.

Тијарата од Сајтаферн

izm02

Дури и кога експертите во 1896г. истапиле критикувајќи ја оваа наводно древна скитска тијара како археолошки фалсификат, Лувр одбивал да ја слушне нивната логика. Тие си ја сакале накитената златна тијара која ја купиле за 200.000 франци.

На крајот, гласот за прочуената тијара стигнал до бреговите на Црното Море и работилницата на уметникот Израел Ручомовски во Одеса. Веднаш ја препознал. Ја изработил пред многу години за пар шегаџии кои сакале да ја подарат на нивниот пријател археолог. Тој отишол во Лувр и некако успеал да ги увери дека се измамени. Лувр веднаш ја скрил тијарата, не покажувајќи ја речиси цел еден век, од срам.

Принцезата од Амарна

izm03

Во 2003 година, луѓето од Музејот на уметноста во Болтон, Англија, си помислиле дека начекале голема работа кога се дограбиле до бистата на древна принцеза од најконтроверзниот период на древен Египет. Наводно припаѓала на неодамна починат лорд.

Шон Гринхал го купил имотот на тој лорд, и предметите од него ги дал на аукција, заедно и со некои други негови умни додавања. Гринхал изработувал фалсификати на разни антиквитети и ги продавал во антикварниците ширум светот. Кога неколку од нив биле препознаени како фалсификати, била проверена и Принцезата од Амарна. За жал, и за неа се утврдило дека е измама.

Кристалните черепи

izm04

Четирите кристални черепи коишто наводно му претходеле на Колумбо се едни од најпознатите „паранормални“ артефакти во светот. Иако тие сѐ уште се големи атракции во збирките на големи музеи насекаде низ светот, одамна се покажало дека се фалсификати. Тие не се никаков древен доказ за ништо, а камо ли за тоа дека вонземјани се мешале со луѓе, како што се тврди. Тие се дело на серија вешти уметници во периодот 1880-1940, на коишто многу им било досадно.

Американските руни

izm05

Од многу одамна имало повеќе обиди да се докаже дека Викинзите стасале во Америка многу пред таа да биде откриена. Првиот пат тоа се случило во 1898 година, кога шведскиот имигрант Олоф Охман наеднаш наишол на древна плоча со руни на неговиот имот во Минесота. Наречена Рунскиот Камен од Кенсингтон, нејзината автентичност набргу била демантирана. Оттогаш низ целата територија на САД почнале да се појавуваат вакви плочи, при што последната била најдена во 2001.

Персиската принцеза

izm06

Талибанците и владите на Иран и Египет влегле во сериозен политички судир во врска со тоа во чија сопственост ќе биде оваа персиска мумија, сѐ додека во 2000 година не се покажало дека е фалсификат.

Нејзиниот ковчек можеби и навистина е антиквитет, но телото и натписите според кои се тврдело дека таа е Родугуна, ќерката на персискиот владетел Ксеркс I, не биле особено антички. Телото најверојатно припаѓало на жртва на убиство извршено некаде околу 1996 година.

Етрурските теракотни воини

izm07

Италијанските браќа Пио и Алфонсо Рикарди и нивните синови успеале да подметнат неколку фалсификати на два од најголемите музеи во светот. Британскиот музеј од нив купил голема кочија во 1915.

Но поголемиот скандал се случил кога неколку анахрони статуи на воини биле продадени на њујоршки Метрополитен. Историчарите веднаш се посомневале дека овие наводно етрурски уметнички дела се лажни, но нивните сомнежи се потврдиле дури во шеесеттите, со помош на хемиски тестови. Но, во Метрополитен не се грижат многу за тоа, и сѐ уште ги изложуваат. Тие дури привлекуваат и поголемо внимание како фалсификати, отколку кога за нив се мислеше дека се оригинали.

Светите камења од Њуарк

izm08

Во 1860 година, Дејвид Вајрик се обидел да ја пренапише историјата на религијата на домородните индијански племиња во Америка. Тој тврдел дека нашол серија древни јудеохристијански артефакти во погребна могила на Хопвелската култура, датирани во периодот 100-500 н.е.

Дури и на самиот почеток кога биле објавени, повеќето луѓе помислиле дека се фалсификати. Но отсекогаш и насекаде имало псевдо-археолози и псевдо-експерти, па така и во овој случај, кои мислеле дека артефактите се автентични, и дека древни еврејски племиња се населиле во Америка многу пред Колумбо и да го види Новиот Свет.

Бронзената плоча на сер Френсис Дрејк

izm09

Јуџин Болтон, професор на Беркли, бил толку опседнат со тоа да најде физички доказ дека британскиот истражувач во шеснаесеттиот век патувал во Калифорнија, што на неговите пријатели во 1936 година им било многу лесно да му наместат „откритие“ на бронзена плоча во спомен на историското патување на истражувачот.

За жал, Болтон не бил единствениот измамен. Здружението на историчари на Калифорнија и Смитсоновиот институт исто така многу се возбудиле околу ова. Вистината излегла на јаве дури во 1977 година, кога некој конечно се сетил да ја анализира плочата и ја открил непријатната вистина.

Кардифскиот џин

izm10

Фармерите Вилијам Њуел и Џорџ Хал успеале добро да го наплатат нивното „откритие“ од 1869 година на наводен скаменет џин од библиската ера, закопан во Њујорк уште од древни времиња.

Најверојатно и ќе продолжеле да ги ограбуваат масите доколку не се појавил и циркускиот измамник П.Т. Барнум, и тој сакајќи дел од нивната заработка. Барнум направил копија на џинот, и кога Њуел го дал на суд, и двете верзии биле изложени како лажни. Но судската пресуда не ја запрела продажбата на билети, но сепак го докажала тврдењето на историчарите и биолозите кои уште од самиот почеток го оквалификувале ова откритие како лага.

Костурницата на Јаков

izm11

Кога костурницата на Јаков би била вистинита, тоа би бил единствениот доказ кој би ја потврдил историчноста на животот на Исус и настаните во Новиот Завет. Бидејќи, Јаков Праведниот наводно бил брат на Исус.

За несреќа на нејзиниот сопственик Одед Голан, брзото прославување подразбирало и брза проверка. Анализите на древниот ковчег за посмртни останки потврдиле дека тој е автентичен, но не и за натписот кој велел дека во неа некогаш бил сохранет Јаков. Голан бил даден на суд во Израел, платил казна и еден месец поминал во затвор, како казна за неговиот обид да го измами свето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено