Пред некое време во еден ресторан до масата на која седев седнаа три девојки и поминаа некаде петнаесеттина, дваесет минути едвај прозборувајќи збор, со главите надолу штракајќи по нивните мобилни телефони. Го гледав тоа и не можев да си поверувам на очите, беше како сцена од филм. На ова видео не се тие девојки, бидејќи немам навика да ги снимам луѓето наоколу, но сепак е многу поучно за тоа како со т.н. паметни телефони на допир, како да го губиме допирот со реалноста и со луѓето околу нас.

Дали сте знаеле дека просечниот човек минува околу четири години гледајќи во својот телефон?

Сподели на Facebook
пати видено