Одговарањето на загатки покажува дали кандидатот има природен потенцијал да развие вештини за креативно размислување базирано на логика и вештини за расудување. Само мал број на луѓе успеваат да го решат точно целиот тест. Дали и вие спаѓате во таа група?

1. Која е мајката?

Ова е првиот тест. Погледнете ја сликата.

Прашање. Што мислите, која е вистинската мајка на детето?

Одговор:
Мајката на детето е дама од левата страна. Таа седи така што нејзините нозе се насочени кон детето.
Оваа позиција ја одразува природната желба на мајката да го заштити своето дете.
Ставот на жената лево е заштитен бидејќи е благо свиткана нанапред.
Природно е за малите деца да се свртени кон својата мајка кога играат или прават некоја активност, ако таа е наоколу.

2. Две пилули

Сериски убиец ги киднапирал луѓето и ги присилувал да испијат една од двете пилули, една била безопасна, а другата била отровна. Без оглед на тоа која пилула жртвата ќе ја одберела, серискиот убиец ја земал другата. Секој пат, жртвите умирале и серискиот убиец преживувал.

Прашање. Како убиецот секогаш ја избирал безопасната пилула?

Одговор:
И двете пилули биле безопасни. Отровот бил во чашата со вода која ја пиеле жртвите.

3. Пијалоци

Маж и жена отишле во ресторан на вечера. Жената порачала 4 пијалоци со мраз, бидејќи било многу толо и ги испила веднаш. Мажот порачал само еден. По некое време на мажот му се слошило и умрел. Лекарите велат дека сите пијалоци биле отровни.

Прашање: Зошто жената останала жива, а мажот починал? Прочитајте повторно внимателно.

Одговор:
Отровот бил во мразот. Бидејќи жената брзо ги исила, мразот немал време да се стопи. Мажот го пиел пијалокот полека и отровот се стопил во неговиот пијалок.

4. Касета

Замислете сцена. Еден маж бил пронајден мртов, тој има пиштол во раката и касетофон до него. Детективот притиснал на копчето „Плеј“ и ја слушал пораката, која гласела: „Уморен сум од овој живот и одлучив да ја спречам болката и страдањето“, а потоа следи и истрел. Детективот не верува дека тоа било самоубиство.

Прашање: Зошто детективот мисли дека тоа е убиство?

Одговор:
Ако човекот се самоубил, како може да ја премота касетата до почетокот?

5. Божиќна мистерија

Детективот бил на должност за време на божиќните празници и утрото на 25 декември тој отишол на повик. Тој заѕвони на вратата и една минута подоцна сонливиот сопственик на куќата му отворил. Детективот рекол: „Вашиот сосед вели дека вчера бил кај вас на забава и додека тој бил тука и им се возхитувал на светилките на вашата елка, вие сте влегле во неговата куќа и сте му украле вредни предмети.“

Сопственикот одговорил: „Тоа не е точно, ние вчера славевме кај наши семејни пријатели. Едвај имавме време да ја украсиме елката.

Детективот рекол: „Не грижете се, очигледно е дека вашиот сосед е лажго.“

Прашање. Како детективот го дознал тоа?

Одговор:
Светилките се исклучени и вусшност недостасува една сијалица што значи дека не би функционирале. За детективот било јасно дека сопственикот ја кажува вистината.

Сподели на Facebook
пати видено