Методот наречен „Упорност“ се состои од тоа што неколку членови од племето одбираат едно животно од стадото кое ќе го ловат. Потоа почнува ловот, но само „тркачот“ го лови животното. Најиздржливиот и најбрзиот од племето го брка животното и тоа го прави неверојатно упорно. Човекот кој трча на 2 нозе и може да си носи вода е многу поиздржлив од животните кои трчаат на четири нозе и не можат да ги надокнадат изгубените течности. Упорното бркање на животното трае 8 часа, се додека на крај животното не колабира.

Сподели на Facebook
пати видено