Алан Сокал е американски математичар и физичар роден во 1955 година. Тој е професор по математика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, но станал многу популарен во 1996 година, по т.н. Афера Сокал.

Во 1996 година, постмодерното културно списание „Социјален текст“ објавило статија насловена како „Пречекорување на границите: кон трансформативна херменевтика на квантната гравитација“. Статијата тврди дека квантната гравитација не е ништо повеќе од социјална и јазична конструкција што физичарите се обидуваат да ја пренесат како вистина за светот околу нас. Теоретската физика, според заклучокот на статијата, е само еден збир на бесмислени зборови и симболи.

Подоцна, авторот Алан Сокал ја открива вистината – ја напишал статијата, пополнувајќи ја со „апсолутни глупости“, со надеж дека со својата измама ќе го привлече вниманието на јавноста за исклучително важно прашање: дали професорите од хуманитарните науки под влијание на постмодернистичките доктрини , би ги оставиле настрана логиката и доказите и би биле наклонети да поверуваат и дури да објават статија која е „целосна глупост“.

Само неколку дена откако „Социјален текст“ ја објавиле неговата статија, Сокал објавил во друго списание, Lingua Franca, дека тоа е измама. Во следното интервју за радиото „All Things Considered“, Сокал вели дека е инспириран за лажната статија по читањето на книгата „Higher Superstition”, во која авторите тврдат дека некои списанија се подготвени да објавуваат сè додека звучи добро и одговара на идеолошките верувања на уредниците. Книгата, како и аферата Сокал, доведоа до т.н. научни војни.

Сокал продолжува да ја брани својата позиција така што напишал две книги по неговата измама – една во 1998 година со Жан Брикмон наречен „Интелигентни измамници“, а подоцна во 2008 година ја објавил и својата книга “Шегата настрана: наука, филозофија и култура“, во која детално ја опишува приказната за аферата „Сокал“.

Кратко време откако ја објавил книгата „Шегата настрана: наука, филозофија и култура”, Тајмс пишува дека Сокал ја постигнал својата цел, потсетувајќи ги читателите на зборовите на математичарот и филозоф Вилијам Кингдон: „Погрешно е, секогаш и насекаде, да се верува во нешто без да се има доволни докази“.

Сподели на Facebook
пати видено