Оваа фотографија овозможена од Френк Абрамс го прикажува одметникот Били Кид, втор од левата страна и неговиот пријател Пат Гарет, кој го убил кога станал шериф, десно. Фотографијата е направена во 1880 година, а адвокатот Френк ја купил на пазар за стари работи за само 10 долари. Форензичарите и програмата за препознавање на лица ја потврдиле автентичноста на фотографијата по неколкумесечна истрага.

Френк Абрамс, адвокат од Северна Каролина, за прв пат ја забележал фотографијата во Ешвил во 2011 година и ја купил за да ја стави на ѕидот во неговата соба. „Сега таа е во сеф. Повеќе не патувам никаде со неа.“, вели Абрамс. Откако гледал телевизиска програма во 2015 година во врска со откривањето на фотографија на одметникот како игра крокет, Абрамс бил инспириран да истражува понатаму. Тогаш мислел дека го препознал Пат Гарет, поранешниот пријател на Били Кид и шерифот, кој го убил.

Абрамс му пристапил на Роберт Стал, пензиониран професор по професија во Државниот универзитет во Аризона, на кој не му е непозната историјата на Били Кид. Во 2015 година, Стал поднел петиција до Врховниот суд на Ново Мексико, во потрага по посмртница за Били, исто така познат како Вилијам Бони, од државниот медицински испитувач. Стал рекол дека сметал дека е „голема веројатност“ на фотографијата да бил Гарет, но не бил сигурен дали другиот бил Били Кид.

„Му реков:’Најголемата работа што можете да ја направите сега е да ја земете сликата и да ги споделите со луѓето и да Ви дадат повратна информација.’За мене, ова е една од најинтригантните и историски значајни фотографии од Стариот Запад.“, изјавил Стал.

Абрамс, кој живее во Арден, изјави за телевизијата KRQE-телевизија дека следните неколку месеци се консултирал со разни експерти за судска медицина. Некои од нив рекле дека фотографијата најверојатно бил направен помеѓу 1879 и 1880 година, што се совпаѓа со 2 август 1880 година, датум кој некој го напишал на сликата. Еден форензичар за видео клипови во Лос Анџелес рекол дека софтверот за препознавање на лице покажува дека станува збор за Гарет и Били Кид на сликата, според потпишаната декларација. Еден експерт за ракопис во Тексас го споредил потписот од Гарет на фотографијата со 10 документи со неговиот познат ракопис. Тој преку заверено писмо приложил дека ракописите се совпаѓаат.

Кид и Гарет биле блиски пријатели додека Гарет не станал шериф на округот Линколн. Гарет го убил Били во Форт Самнер во јули 1881 година. Претходната фотографијата на Кид откриена во 2015 година оттогаш се проценува дека вреди 5 милиони долари. Експертите веруваат дека фотографијата која го прикажува Кид во Нов Мексико со Гарет ќе вреди многу повеќе. Сепак, Абрамс не е заинтересиран да дознае колку во скоро време.

„Еден ден можеби ќе заврши во некоја аукциска куќа. Ќе видиме што ќе се случи. Токму сега тоа не е првото нешто што ми паѓа на ум. Отсекогаш сум бил некој кој е заинтересиран за историјата.“, вели Абрамс.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено