Трогателно видео на кое е снимено петгодишно девојче како го води својот слеп татко до неговото работно место деновиве стана особено популарно на интернет. Таткото на девојчето, кој се вика Нелсон Пепе, работи на кокосова фарма на Филипините, за дневница од девет долари. Неговата млада ќерка Џени радо му помага на татко си секој ден да стигне до работното место,користејќи стап. Видеото е снимено од Руби Капунес која го ставила видеото на нејзината Фејсбук страница на 10 јуни, а досега е видено повеќе од 2 милиони пати. Ова босоного девојче и нејзиниот слеп татко се вистински пример за волјата и издржливоста на човекот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено