Да заглавите во дивината може да биде ужаснувачко. Ни микропечка, ни ТВ, ни полнач за телефон. Но уште поопасно може да биде да останете без чкорчиња или запалка со која би запалиле оган. Во такви моменти добро би ви дошле некои основни вештини за преживување. Еве една таква, и за ова верувале или не, ќе ви биде потребно едно пластично шише наполнето со вода, и хартија со темна површина.
Според овој концепт, проѕирното шише со вода може да ви послужи како лупа. Важно е на хартијата да има темна површина, бидејќи во спротивно нема да ви успее. Доколку немате таков при рака и во природа поради некоја причина сте се нашле со топ хартија за печатење во А4 формат, извалкајте ја со земја за да имате поголеми изгледи за успех.
Погледнете го деталното упатство во видеото кое следува.