Ако сте криминалец во бегство, би направиле речиси сѐ за да не ве фатат, нели така? Сте успеале да се извлечете и сега сѐ што треба да направите е да бидете пониски од тревата. Ако успеете да избегате во земја којашто нема закон за екстрадиција, веројатно сте се извлекле засекогаш.

Но некои престапници не можат да се справат со таквиот живот и сакаат да остават потпис на своето злосторство. Некои дури и се фалат, јавно прославувајќи го фактот дек не биле фатени. Па, оваа сторија нека им служи за пример на таквите.

По Леви Чарлс Рирдон била распишана потерница поради фалсификување. Со сета современа технологија денеска, еден од најдобрите начини да се распространи потерницата е преку социјалните медиуми. Полицијата ја постирала потерницата на Фејсбук, и се случи чудо невидено…

fb01

Леви Чарлс Рирдон го видел постот, и го лајкувал, мислејќи дека така ќе се прослави како опасен. Но, се случило нешто што тој воопшто не го очекувал.

fb02

Неговиот телефон користел GPS, па така полицијата успеала да го лоцира токму благодарение на тоа „лајкување“ на статусот. А јас кога ви велам дека Фејсбукот е зла работа, вие не ми верувате.

fb03

Сподели на Facebook
пати видено