Мачките често знаат да бидат доверливи и креативни верни придружници на уметниците. Уредничката Алисон Настаси во воведот на книгата „Уметниците и нивните мачки“ пишува: „Многу уметници се озлогласени по нивниот темперамент, но истражувачите одамна шпекулираат дека креативните поединци делат некои заеднички особини – кои наликуваат на особините на мачките“ Во книгата се прикажани повеќе од 50 парови мачки и уметници, додека им седат во скут, на нивната работна маса па дури и на нивните глави. Опфатени се уметници како Матис, Пикасо, Салвадор Дали итн.