Влегуваат во ресторан двајца билдери, ама јаки, огромни, без вратови. Меѓу нив нивниот шеф, низок ама набиен, исто така без врат… Седнуваат на маса. Доаѓа келнерот.
– Повелете, што ќе нарачате?
Шефот:
– Сакам желка. За 10 минути ако не е готова, го убивам готвачот.
Чекаат. Поминуваат 10, 15, 20 минути… никаква желка не носат. Шефот ги праќа билдерите во кујната:
– Што бидна бе, мајмун, сакш да те искршиме од ќотек?
Готвачот:
– Никако не можам да ја убијам желката. Таман ќе замавнам со сатарот, таа си ја прибира главата во оклопот.
– Дај ми ја мене – вели еден од билдерите.
Ја фаќа желката, и го пика палецот во задникот, желката ја вади главата и овој ја сече со сатарот.
Готвачот со воодушевување:
– Браво бе, момче, ти да не си готвач?
– Не бе брат, секое сабајле така му ја врзуваме врската на шефот…