Неодамна, турскиот фудбалер Мехмет Бозтепе од Менемен Беледијеспор имаше многу тажна епизода во својата кариера. Пред почетокот на натпреварот против Анранијеспор, тој доби ужасни вести.

Но, и покрај трагичната вест, Бозтепе не им кажа ништо на своите соиграчи. Тој го одигра дуелот како ништо да не се случило. Во 74-тата минута од мечот Мехмет Бозтепе го постигна победничкиот гол. За време на прославата, тој ја стави раката на срцето, се фрли на тревата и почна да плаче.

Сето ова ги збуни неговите соиграчи. Некои мислеа дека играчот има здравствен проблем и неговата акција го загрижи медицинскиот персонал. Но, неговиот мотив беше откриен кога неговите соиграчи му пристапија. Бозтепе им рече дека седум часа пред да започне натпреварот, ја добил тажната вест за смртта на неговата мајка.

Турските медиуми не даваат детали за причините што ја предизвикале смртта на мајката на Бозтепе. После тоа што се случи, играта мораше да биде прекинта околу 20 минути, бидејќи соиграчите се обидуваа да го кренат и да го утешат Мехмет.

Сподели на Facebook
пати видено