Брејден Атен бил примен во детската болница во Милвоки, во Висконсин, со откажување на црниот дроб на 26 април годинава.

Во мај, Грејс Ван Ден Хевел, тетката на Брејден и раководител со неговата GoFundMe страница, напишала дека неговата состојба „се смета за стабилна, но полека се влошува“.

Родителите на Брејден, Рут и Џејмс Автен велат дека не можеле да престанат да плачат кога слушнале дека на нивниот син му е потребна делумна трансплантација на црниот дроб. Иако биле преплавени со понуди од луѓе откако објавиле на социјалните мрежи, сепак за жал не можеле да најдат донатор за Брејден.

Џејмс вели: „Само седевме таму и гледавме како повеќе се разболува. Беше тешко. Но, тогаш се случи чудо, се појави Ками.“ Првин жената сакала да остане анонимен донатор, но семејството и момчето имале голема желба да ја запознаат. Затоа една недела по операцијата Брејден ја запознал својата спасителка.

Она што уште повеќе ги изненадило бил фактот што тие веќе ја имале видено Ками Лоритс. Таа работи како медицинска сестра во болницата каде што е сместено момчето.

Семејството не може доволно да ѝ се заблагодари на хуманата жена и ја „прогласиле за нивен ангел“. Сега и Ками и малиот Брејден се добро и тој редовно оди на контроли за да се следи неговата состојба.

Сподели на Facebook
пати видено