Кој не сака шанса за да освои 1,1 милион долари? Секако дека на сите им се доаѓа оваа идеја, а Германците и ќе можат да ја реализираат. Градот Билефелд, Германија, е дел од долготрајната теорија на заговор или шега (зависи од тоа како гледате на работите) која тврди дека не постои.

За да се постигне милионерски статус личноста треба да има над 18 години, да живее во Германија и да докаже дека градот не постои и дека Билефелд е измислен ентитет, креиран од сомнителна организација со неискрени мотиви.

Учесниците имаат време до 5 септември 2019 година да испратат какви било докази – слики, видеа, текст или толкувачки танц – до Bielefeld Marketing GmbH, единствени критериуми се случајот да е „непобитен“. Додека организаторите на конкурсот велат дека се 99,99 проценти сигурни дека ќе можат да побијат какви било докази, сеак ветуваат 1,1 милион долари за оној кој ќе ги приложи доказите кои не можат да се побијат.

Историјата на заговорот во Билефелд датира од 1994 година кога компјутерски научник наречен Ахим Хелд го објавил ова тврдње на компјутерскиот форум Усенет. Неговата цел: да ги исмева теориите на заговор.

Според теоријата, Билефелд е илузија создадена од организација наречена SIE (германски за нив) со (можеби) одредена помош од израелската разузнавачка агенција Мосад или (евентуално) одредена помош од вонземјани, кои го користат универзитетот на Билефелд да го сокријат вселенскиот брод.

За да ја „докажат“ нивната приказна како што треба, верниците поставуваат три прашања. Прво, дали некогаш сте биле во Билефелд? Второ, дали познавате некој од Билефелд? И трето, дали знаете некој кој бил во Билефелд? Постојат јасни недостатоци во оваа низа на испрашување што веројатно не треба да се објаснат.

25 години подоцна фикцијата уште трае при што дури и канцеларката Ангела Меркел се пошегува по посетата во 2012 година во градот, кажувајќи ѝ на публиката во Берлин „па навистина постоел“. И како и секоја добра приказна, фикцијата се зголеми. Според некои верници, Елвис Присли и Курт Кобејн може да бидат живи и здрави – во Билефелд.

Но, освен ако не можете да докажете поинаку, Билефелд е вистински град. Тој е дом на повеќе од 300.000 луѓе, Dr Oetker и има замок.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено