20-годишниот Алекс, од Сиднеј, Австралија, раскажува како се заљубил во 25-годишна девојака, со која бил во интимна врска 9 месеци. Но, пред 3 недели, тој бил запрепастен од изјавата на нивен долгогодишен пријател, откако истиот му кажал дека ќе му открие многу важна тајна.
„Сè одеше сосема добро, сè беше едноставно одлично, барем така мислев” – изјави изневерениот маж за популарна радио емисија.
„Наш заеднички пријател беше воедно и семеен пријател, кој го познавав уште од мал. Така, една ноќ, излеговме заедно со него. Тој беше пијан и ми рече: „Алекс, криев нешто од тебе и твојата девојка исто така крие. Мислам дека треба да знаеш, бидејќи тоа е погрешно и не можам да те оставам да мислиш дека си во одлична, искрена врска.”- објаснува Алекс.
Тогаш истиот открил дека неговата „девојка” всушност била на операција за промена на полот, на 18-годишна возраст.
„Кога открив, искрено паднав, на почетокот не можев да му поверувам на кажаното, чувствата ми беа измешани, сè уште не можев да поверувам” – вели Алекс.
„Се соочив со неа, ги пронајдов нејзините таблети, таблети за естроген… Светот ми се сруши, бев рамнодушен, премногу емоции на едно место.”- додава тој.

Алекс признава дека бил многу заљубен во својата наводна девојка и дека никогаш не би бил со неа, доколу знаел дека таа го променила полот.
„Ништо не беше поразлично, с*ксот беше нормален. Кога се соочив со неа, таа започна да плаче, не знаеше што да каже. Кога си во врска, очекуваш искреност, на самиот почеток таа требало да се соочи со мене и да ми ја открие нејзината тајна” – за крај додава Алекс.
Истовремено изневерениот маж го запознал нејзиното семејство, додека биле во врска, но таа им кажала дека тој ја знаел нејзината тајна и ја прифатил како таква.
Поминале повеќе од три недели, откако се разделиле и Алекс веќе нема никаков контакт со неговата поранешна девојка и нивниот пријател.
“Искрено ми треба време да размислам. Правам пауза од сè. Не негирам дека ми недостига малку. Еднставно не знам” – рече Алекс.
Неговото јавување во радио емисијата може да го погледнете во продолжение:

